AABB

AABB (American Association of Blood Banks) е стандард признаен низ целиот свет во болниците кои се занимаваат со трансплантација со матични клетки. 

AABB е установа која издава сертификати од 1947.година, последните 60 години е лидер во областа на банки за крв и собирање, обработка и издавање на примероци, и како таква има најмногу искуство во трансфузиологија и терпаии со матични клетки. Скоро сите американски банки за матични клети го имаат овој стандард и 80% од болниците во Америка кои спроведуваат трансплантации со матични клетки го поседуваат овој стандард кој е одобрен и од Американската управа за храна и лекови (FDA).

AABB сертификатот е сертификат кој ги обеднува банките за матични клетки,болниците и медицинските работници во единствена програма за обука за највисок квалитет на трансплантации во светот. Стандардот ги опфаќа сите чекори при постапување со матични клетки – од собирање, преку транспорт, орбработка и тестирање на матични клетки, до чување, а потоа и достава во болница и примена на матичните клетки. Преку поседувањето на овој стандард се гарантира дека Вашиот примерок ќе биде прифатен за лекување во сите болници во светот.

AABB сертификатот го поседуваат 1700 болници во преку 80 земји во светот. AABB е еден од само трите сертификати кои се акредитирани од Интенационалното Здружение за Квалитет на Здравствена Заштита. AABB сертификатот е ускладен со меѓународниот ISO 9000 стадард кој е највисоко интернационални ниво на стандардизација во индустријата и услугите.

Сертификатот се обновува на секои 2 години само по повеќедневен тренинг за секоја сертифицирана установа или поединец.