Прашања и одговори: Зошто Bio Save

Денес родителите кои сакаат да остават матични клетки имаат мака да одберат помеѓу различните банки за матични клетки. Вие не сакате крвта на Вашето дете само да се замрзне, туку сакате да бидете сигурни дека матичните клетки во случај на потреба да смеат да бидат употребени за трансплантација?

Во тој случај и денес најдобар избор би бил: Bio Save.

Зошто? Одлуката за тоа дали да се употребат плурипотентни матични клетки да би се спасил живот ја носи лекар. Тој лекува и сноси одговорност. Нему му е важен висок квалитет на обработка на матичните клетки, детални анамнестички податоци и одобрение од страна на регулаторните органи восогласност со законот за лекови и медицински средства.

Дозвола за складирање матични клетки поседуваат сите банки за крв од папочна врвка. Неопходно е да знаете дека одобрение за употреба на матични клетки за лекување на Вашето дете, неговиот брат или сестра или за донација не поседуваат сите банки.

По желба на многу идни родители даваме предлог од 10 прашања кои треба да се постават, каде што се наведува она што е навистина важно во сериозни ситуации, со цел да бидете во можност сами да направите споредба на банките, а воедно Ви даваме и одговори на истите.

1. Колку години искуство во чување на крв од папочна врвка има банката?

FamiCord е еден од пионерите помеѓу банките за матични клетки во Европа, со преку 15 години ускуство.

Колку примероци со матични клетки до сега има сочувано FamiCord Group?

FamiCord Group до сега има обработено и сочувано преку 350.000 примероци.

3. Дали банката поседува GMP стандард?

FamiCord Group поседува GMP стандард како и други важни сертификати од кои би го издвоиле, AABB (American Association of Blood Banks) сертификатот - него го поседуваат само најдобрите банки за матични клетки во светот.

4. Колку искуство во употребата на крв од папочна врвка за лекување деца (и болен брат или сестра) има банката? 

FamiCord Group има најголем број на третмани со матични клетки од папочна врвка, преку 700 лекувања.

5. Дали се врши процена на семејната историја на болести?

Поради добивање на што појасна слика за квалитетот на препаратите од крв од папочна врвка и можност за примена FamiCord Group врши проценка на анамнеза на семејна историја на болести пред породувањето која опфаќа 33 прашања.

6. Дали препаратите од крв од папочна врвка кај FamiCord Group можат да се употребат за третмани со матични клетки?

FamiCord Group поседува одобрение за третмани со матични клетки, како за детето (автологна), така и за брат или сестра (алогена) но и како помош за други (донација). 

7. Дали транспортот на крв се врши само во работни денови или и за викенд и празници?

За што поголем број на клетки, но и што подобар квалитет потребно е крвта во што пократок род да стигне од породилиштето до банката. Службата за логистика во Bio Save работи 24h дневно, сите 365 дена во годината, но и покрај тоа, Bio Save во соработка со службата на DHL “Medical Express” (користи Q сертификат) која е специјализирана за транспорт на био материјали но и со други надворешни партнери, организира транспорт на примероци со папочна крв 365 дена во годината.

8. Во случај на потреба за лекување, кој го сноси трошокот за транспорт на матичните клетки до клиниката во која се врши лекувањето?

Bio Save во случај на тераписка примена ќе ги покрие трошоците за транспорт на матичните клетки до било која болница во светот.

9. Дали банката може да организира тераписка примена за Вашето дете?

FamiCord Group е единствената банка во Европа која има своја клиника за лекување со матични клетки. Со примероци на FamiCord Group до сега се лекувани повеќе од 1.200 пациенти.

10. Зошто Bio Save е логичен избор?

Во светот постојат голем број на банки за чување на матични клетки. Правиот предизвик е да се упортебат матичните клетки за терапија. Bio Save е единствената компанија во Македонија која на Вашето дете во случај на потреба ќе му овозможи пристап во преку 100 болници ширум светот кои имаат долгогодишно искуство во лекување со матични клетки.