За банката за матични клетки BioKryo

BioKryo GmbH - spin-off Fraunhofer Институтот, складира биолошки примероци со висок квалитет кои можат да се употребуваат за евентуални терапии, со единствена опрема заснована на GMP стандардот. Овој концепт претставува унапреден начин за долгорочно чување на биолошки примероци како крв од папочна врвка.

BioKryo користи систем на управување заснован на GMP (Good Manufacturing Practices) стандардот во согласност со строгите Германски закони.

Од 2013. година BioKryo поседува ISO 9001 меѓународен сертификат, а од 2016. и AABB(American Association of Blood Banks) акредитација.

Се употребува најнова технологија – секој примерок е обележан со чип на кој се сите релевантни податоци за примерокот – сопственик, број на клетки, виталност, квалитет на примерокот.

Во случај да Ви затреба Вашиот примерок - BioKryo има долгогодишно искуство во транспорт на примероци во целиот свет. Вашиот примерок ќе стигне до болницата во најкраток можен рок во согласност со најсовремените принципи за транспорт на биолошки примероци.

BioKryo соработува со ESBB (European, Middle Eastern & African Society for Biopreservation and Biobanking) на полето на развој на најсовремено чување на матични клетки и ткива.

www.biokryo.de