Corona вирус – терапија на повидок

Ширум светот се спроведуваат бројни клинички студии со лекови против Corona вирусот. Цела медицинска заедница денес работи на откривање на можни терапии против опасниот противник.

Овде Ви претставуваме 5 најчесто испитувани терапии кои нудат најмногу изгледи да постанат стандардни за Covid-19.

Покрај веќе добро познатите лекови како што е хлорокин, се користат и лекови од групата антивирусни терапии и моноклонски антитела кои се користат против одредени автоимуни заболувања. Покрај лековите се користат и клеточни терапии со матични клетки како и плазма од излекувани пациенти.

Хлорокин – лекот против маларија кој што се користи со децении покажа во добар број клинички студии дека помага особено кај поблаги облици на болеста Covid-19 (број на клинички студии: 84)

Pills2.jpeg

Антивирална терапија – лекови како ремдесивир, лопинавир и ритонавир кои се користат за вирус на грип се испитуваат во терапија за Covid-19. За сега најдобри резултати даде терапијата со ремдесивир (број на клинички студии: 55)

 

Stem-cells-2.jpeg

Матични клетки – првенствено се користат мезенхимални матични клетки од ткивото од папочната врвка кои се земаат при породувањето. Терапијата е проверено сигурна за голем број болести и лесно се применува во кратка интравенска инфузија. За сега покажа успешност при лекување на особено тешки случаи на Covid-19 кои се на респиратори (број на клинички студии: 45)

Моноклонски антитела – лекови кои се користат против автоимуни заболувања, за сега најдобри резултати покажа тоцилизумаб кој се користи кај ревматоиден артритис (број на клинички студии: 38)

Plasma.jpeg

Плазма - се користи плазма од пациенти кои го прележале Covid-19. Во нивната крв се наоѓаат антитела кои го убиваат вирусот. По вадењето. на крв од излекуваните пациенти, крвта се центрифугира, се издвојува плазма и се дава во кратка интравенска инфузија кај лица заболени од Covid-19 (број на клинички студии: 32)

Се' ова ни дава надеж дека во следните неколку месеци ќе се открие која терапија е најуспешна за Covid-19. До тогаш ни остануваат мерките за социјално дистанцирање и подобрување на имунитетот.