FamiCord најголема банка за матични клетки во Европа

FamiCord Group влегува на португалскиот пазар со превземањето на Stemlaba (Crioesteminal) - најголемата Португалска банка за матични клетки

FamiCord Group е мрежа на банки за папочна крв која нуди семејно складирање ширум Европа и поседува 8 лаборатории за обработка на матични клетки.

Со купувањето на Stemlab (Crioestaminal) во Португалија, кое е штотуку завршено, FamiCord стана најголема банка за матични клетки во Европа. Од септември 2018. година во банките на FamiCord се чуваат повеќе од 355.000 примероци со папочна крв, ткиво од папочна врвка, крв од плацента и други биолошки материјали.

-  Многу сум задоволен што постигнавме договор и ги здруживме силите со компанија каква што е FamiCord, со која ги делиме истите вредности и визија на полето на лекување со матични клети, а заедно ја правиме најголемата банка за матични клетки во Европа. Ова спојување ќе овозможи нашите две компании, кои и досега највеќе вложуваа во истражување и развој на терапии со матични клетки во Европа, работат на развој на нови терапии кои ќе помогнат на поголем број на пациенти - изјави Andre Gomes, ко-основач, извршен директор и член на Управниот одбор на компанијата Stemlab.

FamiCord Group до сега има 1.987* лекувања со матични клетки од кои 1.082 лекувања со матични клетки од папочна крв и ткиво од папочна врвка(*last update: 30.09.2018.)

Компанијата Stemlab е основана во 2003. година и беше една од првите првите приватни банки за матични клетки во Европа. Од почетокот на своето работење, Stemlab спроведе истражувања за користењето на матични клетки во лекување и експериментални терапии.

Во периодот 2006-2008. година оваа компанија го проширува своето работење преку влез на териториите на Шпанија и Италија.

Од 2016. година присутни се и во Швајцарија. Stemlab е еден од водечките играчи на европскиот пазар на банки за матични клетки.

Интересно подрачје кај истражувањата на Stemlab е полето на развој на напредни медицински производи засновани на матични клетки. Моментално, оваа компанија се фокусира на истражување за упортеба на матични клетки во лекување на дијабетес,кардиоваскуларни и онколошки заболувања.

Stemlab има два меѓународни патенти за примена на матични клетки во долготраен третман на дијабетично стопало и исхемија на миокарда. Компанијата работи на развој на своето работење и на азискиот пазар.

На крајот од 2017. година, Stemlab складираше вкупно околу 98 илјди примероци со крв од папочна врвка или ткиво и околу 120 илјади сите видови на биолошки материјал. Во согласност со проценките на компанијата, уделот на компанијата Stemlab на европскиот пазар изнесува околу 7%.