HARMONY™ ПРЕНАТАЛНИОТ ТЕСТ Е ПОТВРДЕНО 100% ПРЕЦИЗЕН

HARMONY™ ПРЕНАТАЛНИОТ ТЕСТ Е ПОТВРДЕНО 100% ПРЕЦИЗЕН

 

Harmony™ пренаталниот тест во рамки на Bio Save Group на Балканот до сега го направија преку 14.000 трудници и покажа 100%-на прецизност во откривање на Даунов синдром со 52 дијагностицирани случаи, од кои сите се потврдени преку дополнителни анализи за верификација.

 

За Harmony пренаталниот тест до сега на Балканот се одлучија преку 14.000 трудници. Од нив 52 во рана бременост дознаа дека носат бебе со Даунов синдром.

 

Преку инвазивна процедура потврдено е дека сите 52 бебиња навистина имале Даунов синдром. Таквите резултати докажуваат дека прецизноста на Harmony пренаталниот тест е 100%.

 

Во исто време сите трудници кои добија негативен тест родија деца без Даунов синдром.

 

РИЗИК КАЈ ТРУДНИЦИ ЗА ДАУНОВ СИНДРОМ

 

Ризикот кај трудници со старост од 35 години е 1:360 (значи во 360 бремености се раѓа по едно дете со Даунов Синдром)

1-360_800x400.png

 

Кога трудницата има 30 години, ризикот кој го носат годините на старост е 1:1000 (значи во илјада бремености се раѓа по едно дете со Даунов синдром), додека ризикот кај бремености со 40 години е веќе десет пати поголем, што значи, на секои 100 бремености се раѓа по едно дете со Даунов синдром.

 

Harmony-process_800x600.png