Кожа направена од матични клетки

Кожата направена од матични клетки од папочна врвка претставува надеж за пациентите со изгореници.

“Матичните клетки по раѓањето како оние од Вартоновата слуз на папочната врвка поради својата способност за раст и дифернцијација се одличен кандидат за одлгедување на ткива”

Истажувачка група за инжењеринг на ткива на Универзитетот во Гранада.

Истражувачката група за инжењеринг на ткива на Универзитетот во Гранада успеа од матични клетки од папочна врвка да добие вештачка кожа. Научниците притоа користеа мезенхимални матични клетки од Вартнова слуз, сврзното ткиво на папочната врвка.

Работата на истражувачката група за инжењеринг на ткива на Универзитетот во Гранада за прв пат покажа дека матичните клетки од папочна врвка можат да се претворат во епител на орална слузокожа и кожа. Со помош на тродимензионален биоматеријал овие клетки во лабораторија би можеле да се развијат во кожа.

Ова е позитивна вест пред се за пациентите со изгореници, Моментално е потребно да минат многу недели додека од здравата кожа не се изгради кожа за трансплантација со помош на актуелните техники. Според резултатите од студијата во иднина би било можно чување на одгледана кожа во банка за ткива, со цел да биде веднаш на располагање во случај на потреба.

Дополнителни информации можете да најдете на следните линкови:

http://stemcellstm.alphamedpress.org
http://canal.ugr.es/health-science-and-technology/