Крв од папочна врвка сочувана кај Vita 34 успешно применета кај лекување на детска цереврална парализа

Таа сеуште важи за контроверзен начин на лекување: терапија со сопствена крв од папочна врвка. Сега бохумските лекари за прв пат успеаа успешно да третираат детска церебрална парализа со помош на крв од папочна врвка - која претходно беше складирана во Vita 34.

Според извештајот од Рурскиот универзитет од Бохум двегодишно момче по престанокот на работата на срцето лежеше во кома со тешко оштетување на мозокот – и со минимални шанси за преживување. По барање на родителите девет недели по оштетувањето на мозокот лекарите на момчето интравенски му дадоа припремена крв од папочна врвка, која беше земена при раѓањето на детето и крипрезервирана во Vita 34. Напредокот на оздравувањето го следеа 2, 5, 12, 24, 30 и 40 месеци потоа.

Благодарение на лекарите симптомите се подобрија веќе две недели по трансплантацијата на матични клетки. Во меѓувреме, детето може да изговара едноставни реченици и со помош и да трча. По такво тешко оштетување на мозокот и по оживување кои траеше 25 минутим шансите за преживување се обично околу 6 проценти. Месеци по престанокот на работата на срцето, со тешки мозочни оштетувања, децата кои преживуваат по правило само накратко покажуваат знаци дека се при свест.

„ Нашите резултати, заедно со сличните успеси на една кореанска студија, го отфрлаат сомнежот за делотворноста на оваа терапија“

Проф. Др Arne Jensen од кампусот на клиниката за гинекологија на Рурскиот универзитет во Бохум