Крв од папочна врвка во борба со детска церебрална парализа

Пред точно 3 години тимот на лекари во Бохум им појде од рака да направат голем чекор во борбата против детската церебрална парализа. Како би се оваа борба целно продолжила, основано е здружение.

Основачот др. Arne Jensen во јануари 2009. заедно со својот тим успешно лекуваше двегодишно момче користејќи крв од папочна врвка. Родителите матичните клетки од папочна врвка на своето дете претходно ги зачувале во Vita 34. На веб-страната на Здружението за борба против детска церебрална парализа (http://stop-cp.org/) Jensen укажува на значењето на терпијата со матични клетки:

„Оваа единствена делотворна опција за терапија при лекување на детска церебрална парализа според наше мислење мора што поскоро да се воведе во медицината, како би се ублажила тешката положба на овие деца и нивните семејства“

Првиот делумен успех на здружението веќе се оствари: на интернационалниот ден на луѓето со инвалидитет за “Биомедицинска слика на денот” одбрани се фотографии од насмеаното момче кое е лекувано со примерок на Vita 34  (http://www.bpod.mrc.ac.uk/archive/2013/12/3).