Лекување со матични клетки: Светски стручњак бр.1 - Проф.др Џоан Курцберг

Во текот на последните две децении Џоан Курцберг (Joanne Kurtzberg) која работи на Duke Универзитетот, Северна Каролина, САД, го води меѓународно познатиот детски програм за трансплантација на матични клетки кај деца кои имаат рак, пореметување на крвта и наследни метаболички заболувања.

Успеавме да покажеме дека трансплантација на крв од папочна врвка спасува живот, како и дека ја подобрува неуролошката состојба на децата со некои од овие заболувања - вели таа.

А како се започна

Пред 34 години кога го родив мојот син, го прашав својот гинеколог, зошто по породувањето ја фрлија крвта од папочна врвка во ѓубре.

Уште тогаш верував дека може ефикасно да се искористи и мислев дека треба да се зачува, но гинекологот ми одговори: “Остави тоа, тоа е научна фантастика” – вели др Џоана Курцберг.

На жалост, дури и денес ширум светот сеуште постојат гинеколози кои не веруваат во лекување со матични клетки, едноставно поради незнаење.

А гинекологот е едниствениот лекар кој ја следи жената во текот на бременоста и ако тој не и ја предочи можноста и не ја охрабри да ја избере оваа услуга, зошто таа би вложувала пари во нешто што може да изгледа како луксуз? – вели др Курцберг.

Дали Вашиот сон од детството беше лекување со матични клетки?

- Апсолутно не! Пораснав во Њујорк, како и сите тогашни девојки свирев клавир и се запишав на музичка академија на приватен факултет. Никогаш не размислував за медицина.

Меѓутоа, за да заработам пари за школување, работев со аутистични деца и забележав дека само ритам и тонови ги враќаат во реалноста. Овој драстичен премин од изолација во реалност ме фасцинираше и одлучив да дознаам повеќе за аутизмот, за да пронајдам и некои други видови на помош за нив.

Прва трансплантација со матични клетки

Изучувањето на аутизмот ја доведе Џоан до медицнска школа а потоа се тргна едно по друго.

Се специјалзираше за педијатрија, заврши суб-специјализијација за педијатриска хемато-онколгија и почна да проучува релативно ново поле лекување со матични клетки. Во 1988 година учествуваше во првата трансплантација на крв од папочна врвка.

- Јас всушност не правев ништо во текот на трансплантацијата, бев присутна бидејќи го доведов пациентот. Лекував момче кое е родено со Фанкониева анемија, тешко наследно заболување, кое ја оштетува коскената срцевина. Го следев скоро секојдневно од денот на раѓање до неговата петта година.

Кога повеќе немав што да понудам од можности за лекување, морав да ги известам неговите родители дека без пресадување матични клетки од папочна врвка, нема да живее повеќе од шест месеци. Тие се согласија на трансплантација, прва од таков вид, бидејќи сакаа да знаат дека сториле се, за да го спасат неговиот живот.

 

Dr-Joanne-Kurtzberg-2-640.jpeg

 

Петгодишното момче Matthew Farrow прво беше подложен на хемотерапија а потоа е направена траснсплантација со матични клекти кои ги доби од својата сестра која се роди таа година. Метју денес е млад здрав човек кој води нормален живот и се занимава со едукација на брачни парови за значењето на чување матични клетки – вели со гордост Проф. др Џоан Курцберг.

 

16 прашања и одговори

 

1. Дали верувавте пред 30 години дека терапијата со матични клетки ќе се прошири во толку различни полиња во медицината?

- Не, пред 30 години не можев да предвидам дека крвта од папочна врвка ќе биде во толку широка употреба како денес, но сум многу среќна што е така – вели др Курцберг.

2. Како лекар кој го лекуваше Метју Фероу, првото дете лекувано со матични клетки од папочна врвка, Кој беше Вашиот совет до неговите родители?

- Родителите на Метју ги советувавме да се согласат со траснплантација со матични клетки од папочна врвка затоа што знаевме дека неговата сестра може да биде резервен дарител на коскена срцевина ако трансплантацијата со матични клетки од папочна врвка не успее.

3. Кога матичните клетки почнаа да се користат и кај болести кои не се хематолошки?

- Пред некои 10 години почнавме тестирање со давање матични клетки од папочна врвка како терапии во регенеративната медицина.

4. Најголемата препрека во примената на матични клетки од папочна врвка во хематолошките болести е количината на примерокот. Кое е  Вашето мислење за новите технологии за зголемување на примероците со матични клетки од папочна врвка за примерна во хематолошките болести?

- Гинеколозите, акушерите и сите медицински лица кои собираат крв од папочна врвка би требале да го разберат значењето од собирање на што поголем примерок на породувањето. Постојат некои комапнии кои развиваат начини да добиеме повеќе крв од плаценатата, меѓутоа тие технологии сеуште не се во клиничка употреба.

5. Дали терапиите со други клетки од крвта од папочна врвка како што се NK клетките и T лимфоцитите ветуваат колку што изгледа?

- Да, овие имунолошки терапии изгледаат многу ветувачки.

6. Што од најновите студии можат да очекуваат родителите на аутистичните деца кои немаат сочувано матични клетки? 

- Во тек се студии со автологни и донорски матични клетки од папочна врвка. Истотака, во тек се и студии со донорски мезенхимални матични клетки од ткивото од папочна врвка. Резултатите ќе бидат достапни низ наредните неколку години.

7. Дали очекувате дека матичните клетки од папочна врвка ќе бидат прв избор во терапии кај деца со аутизам и церебрална парализа?

- Не постои начин да го знаеме одговорот на тоа прашање. Сеуште е прерано за такво тврдење.

8. Кој е најголемиот напредок кој сте го забележале по терапија кај аутизам и церебрална парализа со матични клетки? Можете ли да ни дадете пример на промените кои сте ги воочиле кај Вашите пациенти?

- Имаме деца со церабрална парализа кај кои дојде до поправка на моторните функции.

На пример, дете кое одеше само со протези или шеталка почна да оди самостојно.

Кај децата со аутизам, видовме деца кои почнуваат да говорат, а пред терапијата не беа во можност да зборуваат, истатака видовме напредок во социјалното функционирање како и кај опсесивно-компулзивните работи.

 

Dr-Joanne-Kurtzberg-4-640.jpeg

 

9. Дали постојат студии со матични клетки од други извори како што се коскена срцевина или дури и масно ткиво во неуролошките заболувања?

- Да, во тек се студии кај пациенти со мозочен удар, повреда на 'рбет и амиотрофична латерална склероза.  

10. Постои ли разлика во исходите од терапиите помеѓу терапии кај аутизам со мезенхимални матични клетки применети интратекално и матични клетки од крв од папочна врвка применети интравенски? 

- Да, постои разлика.

11. Дали Вашето искуство покажува разлика во тераписките исходи помеѓу матични клетки кои се чувани замрзнати на подолг период (повеќе од 10 години) во споредба со оние кои биле замрзнати само неколку години?

- Не, должината на чување не покажува влијание на потенцијалот или ефикасноста на матичните клетки од папочна врвка.

Должината на чување не покажува влијание на потенцијалот или ефикасноста на матичните клетк од папочна врвка.

12. Што би ги посоветувале родителите на деца кои бараат терапија со матични клетки за некоја болест, каде да се информираат?

- Родителите можат да се информираат на сајтот clinicaltrials.gov и да побараат моментални клинички испитувања за разни болести кои користат разни терапии. Истотака, потребно е да се консултираат со лекарот на своето дете, со цел тој да им препорача клеточна терапија.

13. Дали соработувате со некои банки за матични клетки во Европа?

- Да, соработуваме.

14. Кое е Вашето мислење – семејна или јавна банка?

- Двата система! И јавните и семејните банки имаат важна улога.

Кај семејствата каде што не постои здравствен проблем се препорачува јавна донација (во земјите каде што е тоа возможно) бидејќи примерокот со крв од папочна врвка ќе може да помогне кај пациентите за кои има потреба од донор за трансплантација.

Кај семејствата кај кои постои здравствен проблем или генетска предизпозиција, семејните банки се начин матичните клетки да ги сочуваат како опција за терапија кај детето или друг член на семејството за одредена болест.

15. Која е иднината на семејните банки?

- Мислам дека чувањето на матични клетки ќе продолжи да расте во следната деценија. Тешко е да се предвиди иднината преку тој временски период.

16. Каде го гледате лекувањето со матични клетки за 30 години?

- Мислам дека полето на матични клетки ќе напредува и дека матичните клетки и клеточните терапии ќе станат дел од рутинската пракса во медицината за лекување на болести за кои моментално не постои достапна терапија.

 

Dr-Joanne-Kurtzberg-3-640.jpeg

 

Др. Курцберг е интернационално признат стручњак за педијатриска хемато-онкологија, траснплантација на крв и срцевина кај деца како и лекар кој секогаш истражува можности за примена на крв од папочна врвка во новите области на клеточна терапија и регенеративна медицина. Во текот на последните две децении, др. Курцберг го втемели меѓународно познатиот програм за трансплантација кај деца. Во 2012. година таа доби награда за животно дело од PBMTC (Pediatric Blood and Marrow Transplant Consortium).

Проф. др Џоан Курцберг покрај тоа што е професор по педијатрија и патологија, директор е на Marcus центарот за лекување со матични клетки, Carolinas банката за матични клетки, Педијатрискиот трансплантационен програм за крв и коскена срцевина и директор на лабораторија за трансплантација со матични клетки.

Izvor: Bebologija