Матични клетки и лекување на мозочни оштетувања кај предвремено родени бебиња

Доколку бебето дојде на свет значително пред терминот, често се јавуваат оштетувања на мозокот предизвикани од инфекции, како и хипоперфузија (намалена циркулација на крв во мозокот). Матичните клетки од сопствена крв од папочна врвка овие деца би можеле да ги заштитат од развојни пореметувања, кои би ги следеле до крајот на животот. Ова го покажа моделот на студијата на клиниката Frauenklinik во Берн (Швајцарија).

Породувањето заврши, папочната врвка е пресечени и се става на страна заедно со плацентата. Така воглавно изгледа редоследот во породилиштето. Меѓутоа, матичните клетки од ткиво од папочна врвка би можеле да се искористат непосредно по раѓањето – со цел лекување на мозочно оштетување кај предвремено родените бебиња. Овој е пристапот на Истажувачката лабораторија за пренатална медицина на Универзитетската болница во Берн (Inselspital).

Студијата навистина успеа да покаже дека вбризганите клетки стигнаа до мозокот и дека ги унапредија нервните врски помеѓу мозочните хемисфери и 'рбетниот мозок кај животни. 

Во една експериментална студија лекарите покажаа дека матичните клетки од ткиво од папочна врвка навистина во значителна мерка можат да ги ублажат процесите во мозокот кои доведуваат до оштетување. На овој начин би можело да се избегне настанување на тешко оштетување на мозокот, т.н. церебрална парализа, кое со себе носи доживотни препреки.

А вака изгледаше новиот тераписки пристап во студијата:

Чекор 1: Изолирање матични клетки од ткивото од папочна врвка

Во согласност со мајката земено е ткивото од папочна врвка и од него се изолирани матични клетки. Од добиените матични клетки истражувачите припремија трансплантат. Задачата на клетките би била во голема мерка да спречат оштетување на мозокот, како и да ja штитат миелинската обвивка на нервните патишта.

Чекор 2: Инфузија со матични клетки низ носот до мозокот

Добиените клетки се експериментално применети на животни, така што се аплицирани во носната слузница. Наместо клетките директно да се имплантираат во мозокот, преку неинвазивна метода е препуштено на матичните клетки сами да го пронајдат патот низ носните патишта, односно да мигрираат до оштетената зона во мозокот.

Студијата навистина успеа да покаже дека вбризганите клетки стигнаа до мозокот и дека ги унапредија нервните врвски помеѓу мозочните хемисфери и 'рбетниот мозок кај животни. За идните терапии со матични клетки кај оштетувања на мозокот настанати при раѓање, ова е прв пробој. Пред да уследи клиничка студија кај новороденчиња, понатамошните истражувања ќе се занимаваат со утврдување на дозат i фрекфенцијата на давање терапија.

Автор: 

Monika Kugemann 
Одделение за комуникација и маркетинг
Универзитетска болница во Берн

Извор: https://idw-online.de/de/news658830