Мини мозок развиен од матични клетки во Петриева шолја

Со оглед на тоа што мозокот е најсложениот човечки орган, на научниците досега не им одеше од рака да создадат мозок сличен на човечкиот. Научниците од Институтот за молекуларна биологија на Австриската академија на науки во Виена сега за прв пат  одгледаа мини мозок со помош на матични клетки во специјален биореактор. Нивниот труд е објавен во реномираниот магазин Nature

Осум до десет дена по засејувањето на човечките репрограмирани матични клетки, т.н. iPS клетки, дојде до нивна диференцијација во нервно ткиво. По 20 до 30 дена тие во еден движечки биореакторот продолжија да се развиваат во разни тродимензионални делови на мозокот, помеѓу останатите во преден, среден и заден мозок. Со големина од околу 4 милиметри, овој “Mini-Brain” одговара на мозок на ембион во стомакот од 9 недели.

За научниците, пред се, беше запрепастувачки тоа што мозокот е способен да изгради нервни и глијални клетки и дека поединечни делови од мозокот се организираа како кај мозок на ембрион. На тој начин многу добро можат да се набљудуваат активностите на нервните клетки и комуникацијата помеѓу клетките.

Научниците во својот мини-мозок гледаат добар модел за подлабоко истражување на невролошките болести и заболувања на мозокот, како што се аутизам или шизофренија. Истотака, на овој начин можат да бидат тестирани лекови за мозочни заболувања. Сепак, долг е патот до одгледување на комплетен мозок или ткиво за замена на оштетен мозок, кажуваат научниците.