Со матични клетки против мултиплекс склероза

Пионерски третман на Џек Озборн

Славниот американец Џек Озборн, најави дека лек за својата тешка болест ќе побара во Германија, верувајќи во големиот потенцијал за лекување на матичните клетки.

На една од најголемите американски телевизиски ѕвезди, Џек Озборн (Jack Osbourne), животот повторно му ја покажа својата мрачна страна. Синот на славниот пејач на групата „Black Sabath“ Ози (Ozzy) Озборн се соочи со мултиплекс склероза. Болеста му е дијагностицирана откако изгуби 60 одсто од видот на десното око, а во напредок се и други симптоми на ова малициозно заболување. 
Специјализирана на полето на биоинжењеринг на матични клетки, Германија овозможува третмани и на најтешки заболувања. Пионерското истражување во кое пристапува младиот Озборн може да им помогне на лекарите да пронајдат лек за мултиплекс склероза, применлив и на други заболени луѓе.

Германија денес претставува светски центар за клеточни терапии и употреба на матични клетки во регенеративната медицина. Во Лајпциг се наоѓа и Bio City, реномиран универзитетски центар со неколку истражуачки институти и компании од областа на биомедицината. Сите тие се посветени на континуирано пронаоѓање на нови методи и техники на лекување со матични клетки. Една од компаниите чие седиште истотака е во Лајпциг е и Vita 34.