Студија за примена на матични клетки кај рак на панкреас

На Универзитетската клиника во Хајделберг започната е студија за лекување на рак на панкреас преку примена на матични клетки: по отстранувањето на туморот и хемотерапијата, пациентите примаат крвни матични клетки од коскена срцевина од здрав биолошки брат или сестра. На овој начин се зајакнува сопствениот одбранбен механизам на телото од клетките на ракот. Матичните клетки автоматски ја превземаат улогата на одбрана на организмот од клетките на туморот, затоа што неговиот имунолошки систем сеуште не е дораснат за таа задача.

Трансплантација на матични клетки земени од компатибилен донор претставува етаблиран концепт на терапија за лекување на рак на крв и коскена срцевина. Благодарение на големата сличност на ткивото на доноророт и примачот, со голема сигурност може да се избегне опасната реакција на отфрлање на графтот. Само на Универзитетската клиника во Хајделберг оваа терапија годишно се применува кај повеќе од 300 пациенти. Кај ракот на пакнреас, трансплантацијата на матични клетки во вид на индивидуален обид за лекување покажа резултати кои многу ветуваат и кои сега треба да се проверат во контролирана клиничка студија.

Годишно во Германија од рак на панкреас заболуваат околу 12.900 луѓе. Овој тумор е посебно агресивен, затоа што кратко по отстранувањето и хемотерапијата почнува повторно да се создава и да се шири на останатите органи (метастаза). По операцијата само половина од пациентите продолжуваат да живеат повеќе од две години. Лекарите се надеваат дека ќе помогнат со матичните клетки да се продолжи животниот века на овие пациенти.