Vita 34 ја превзема банката за матични клетки Stellacure

 

Стратегијата на раст и јакнење на позицијата на пазарен лидер е сигурност за семејствата кои зачуваа матични клетки во најголемата германска банка Vita 34.

Bio City

На почетокот на оваа година пионерот во складирање на папочна крв во Европа - Vita 34 превзема 75.24% од акциите на германската банка за матични клетки Stellacure, и со тоа постана нејзин мнозински сопственик. Vita 34 на овој начин ја втемели својата лидерска позиција во секторот складирање на папочна крв, и низ мрежата на Германскиот црвен крст овозможи експанзија на своите активности во поголемиот дел од Европа.


Компанијата Stellacure е основана во Хамбург и Франкфурт во 2005. година во соработка со Службата за трансфузија на Германскиот Црвен крст (DRK) и претставува една од најголемите германски банки за матични клетки. Партнерството со Црвениот крст во кое матичните клетки се складираат по примерот на јавна банка, осигурува за семејствата кои се одлучуваат за складирање на матични клетки највисоко ниво на квалитет и сигурност на припремите на матични клетки. Службата за трансфузиологија на Црвениот крст една од најважните транфузиски медицински установи не само во Германија, туку и во цела Европа. Долгогодшните искуства и истражувања на оваа установа ја прават сигурен и вреден партнер на оваа германска банка за матични клетки.