Ценовник

   Папочна крв Bio Save
Klasik
Bio Save
+30
Bio Save
+40
Bio Save
+50
  Стандардните пакети на услуги опфаќаат        
A Неограничено траење на договор  check.png  check.png  check.png  check.png
B Без дополнителни трошоци на годишно ниво  check.png  check.png  check.png  check.png
C Стручни консултации од страна на нашите медицински експерти  check.png  check.png  check.png  check.png
D Детална медицинска историја и проценка од нашите лекари  check.png  check.png  check.png  check.png
E Обука на персоналот во породилиштето од страна на нашите соработници  check.png  check.png  check.png  check.png
F Транспортен пакет со сет за земање на крв Vita 34 стабилен во поглед на температура  check.png  check.png  check.png  check.png
G Бесплатно земање на папочна крв во породилиштето  check.png  check.png  check.png  check.png
H Транспорт до нашите лаборатории се врши преку специјализирани курирски служби 365 денови годишно  check.png  check.png  check.png  check.png
I Обработка на крвта во стерилни услови (GMP-standard)  check.png  check.png  check.png  check.png
J Компјутерско управување со криопрезервацијата во специјално развиени вреќички за замрзнување Vita 34  check.png  check.png  check.png  check.png
K Испитување на квалитетот на крвта во согласност со законските одредби  check.png  check.png  check.png  check.png
L Доставување и образложување на резултати / сертификат  check.png  check.png  check.png  check.png
M 50 години осигурување во случај на инсолвентност кај HDI - Gerling, Германија  check.png  check.png  check.png  check.png
N Транспорт на папочна крв до клиника во случај на тераписка примена  check.png  check.png  check.png  check.png
  Стандардните пакети на услуги не опфаќаат        
O Анализа на крв за HIV, хепатитис Б, хепатитис Ц и сифилис - - - -
  Временски период на складирање        
P Период на складирање од 20 години  check.png - - -
Q Период на складирање од 30 години -   check.png - -
R Период на складирање од 40 години - -  check.png -
S Период на складирање од 50 години - - -   check.png
  Дополнителни услуги        
T 180 EUR подарок попуст за верност кај следното складирање на папочна крв  check.png  check.png  check.png  check.png
U Петгодишна гаранција за цена кај следното складирање на папочна крв  check.png  check.png check.png  check.png
V Посебни услови кај близначка бременост  check.png  check.png  check.png  check.png
  Одредена цена со договор 1.790€ 2.190€ 2.390€ 2.590€

Стандардните пакети на услуги опфаќаат

A  Неограничено траење на договор
Секој договор трае неограничено, затоа што здравствената превентива треба да му биде на располагање на Вашето дете во текот на целиот живот.

B  Без дополнителни трошоци на годишно ниво
Условите на договорот Ви гарантираат дека во текот на договорениот период на складирање нема да имате никакви дополнителни трошоци. Финансиската сигурност за Вас и Вашето дете е многу важна кај долгорочното складирање на папочна крв.

C  Стручни консултации од страна на нашите медицински експерти
Експерти од областа на медицината стручно ќе Ве посоветуваат и ќе ви пружат поддршка во сите медицински прашања поврзани со темата матични клетки од папочна крв.

D  Детална медицинска историја и проценка на нашите лекари
Внимателно собирање на податоци и проценка на медицинска историја на Вашето семејство е пропишано од страна на Министерството за здравство на Германија, а се врши поради сигурност на Вашето дете во случај на тераписка примена на папочната крв. Врз основа на формуларот за медицинска историја и резултатите забележани трудничката документација нашите лекари проценуваат,дали од медицинска гледна точка може да биде извршено земање на папочна крв и дали подоцна таа крв може да биде применета во тераписки цели. Соодветна потврда за тоа ќе добие и клиниката која сте ја одбрале за породување.

E  Обука на персоналот во породилиштето од стана на нашите соработници
Стручен тим од наши соработници води сметка за тоа Вашето породилиште да ги исполнува сите предуслови пропишани со закон, кои се неопходни за добивање на папочна крв, како и тоа сите лекари и бабици да минат обука за земање на папочна крв.

F  Специјално дизајниран транспортен пакет со сет за земање на крв Vita 34
Сигурносното пакување кое содржи гел, чија улога е стабилизирање на температурата, изолациската кутија од стиропор и чипот за мерење на температура, кој непрекинато ја бележи температурата дизајнирани се од страна на стручни лици од Vita 34, за да обезбедат најдобар можен квалитет при транспортот на крв. Пакетот содржи сет за земање на крв Vita 34, специјално дизајниран за безбедно земање на папочна крв кај нормално породување и царски рез, и кутија со прибор за дезинфекција.

G  Бесплатно земање на папочна крв во породилиштето
Земањето на папочна крв го врши обучен персонал. Трошоците за земање на папочна крв се вкалкулирани во цената.

H  Транспорт на крвта преку специјализирана курирска служба до нашата лабораторија
Нашата инфо линија Ви е на располагање 365 дена годишно 24 часа. Можете да бидете сигурни дека транспортот на крвта во лабораториите на Vita 34 дури и за викенд и празници ќе биде извршен во предвидениот рок, кој е пропишан од страна на Германската лекарска комора.

I  Обработка на крвта во стерилни услови (GMP стандард)
Припремата на папочната крв се врши во нашата лабораторија Vita 34. Се работи за безбедна лабораторија во согласност со GMP стандардот (GMP: Good Manufacturing Practice - највисок медицински стандард за производители на медицински средства). Обработката на крвта се врши специјално заштитени стерилни простории, каде непрекинато се врши надзор, а пристапот до тие простории е строго ограничен.

J  Компјутерско управување со криопрезервацијата во вреќички за замрзнување Vita 34
Папочната крв се замрзнува во 6 порции (една главна вреќичка и пет примероци за дополнителни тестирања). Крвта се складира во специјално дизјнирана вреќичка, која е отпорна на кршење. Во случај да е собрано поголемо количество на крв, истото без дополнителни трошоци ќе биде поделено и складирано во две различни вреќички. Сите шест порции се наоѓаат во една касета, која гаранира рамномерно и сигурно замрзнување и складирање. Трајното складирање се врши во тенкови за замрзнување, кои имаат независно напојување со струја на температура од -196°C.

K  Испитување на квалитетот во согласност со законските одредби
Папочната крв мора да биде внимателно испитана во согласност со пропишаните параметри за квалитет. Дури тогаш таа може да биде употребена во случај на болест. Тестирањето трае неколку недели и ги опфаќа следните релевантни чекори.
Кај папочната крв: број на потентни клетки, крвна група, контрола на стерилност, инфекциски маркери (HIV 1-RNK, hepatitis C-RNK, parvovirus B19-DNK, virus citomegalia-DNK). Ако е неопходно, како на пример во случај на позитивна контрола на стерилност, спроведуваме дополнителни тестирања.
Кај мајчина крв: HIV 1/2 - антитела/p24-антиген, TP-антитела, hepatitis Bs-антиген, hepatitis Bc-антитела, hepatitis C-антитела, HTLV I/II-антитела. Ако е неопходно, спроведуваме тестирања и за други параметри.

L  Доставување и образложување на резултат / сертификат
Ние Ви ги соопштиваме резултатите од од испитувањата на папочната крв и крвта на мајката. Во случај да имате прашања можете преку телефон да се обратите до нашиот стручен соработник. Потоа ќе добиете сертификат.

M  50 осигурување во случај на инсолвентност кај HDI - Gerling, Germany осигурување
Како приватна банка за матични клетки ние сме независни од влијанието на носителите на јавен интерес и субвенции и на тој начин од одлуки, кои можат да влијаат на траењето или квалитетот на складирањето. Со тоа Ви нудиме сигурност, која ќе ја поддржи HDI - Gerling осигурување, Germany.
HDI - Gerling во случај на инсолвентност ќе обезбеди финансиски средства за папочната крв на Вашето дете до 50-тата година од животот остане правилно складирана.

N  Транспорт на папочната крв до клиника
Во случај да е потребна папочната крв на Вашето дете за тераписка примена од нас ќе добиете сеопфатна поддшка. Ќе Ви помогнеме при пополнување на формулари, кај договори со лекари и ако е тоа можно, заедно ќе побараме специјалист. Ние ги носиме криопрезервираните матични клетки во специјален тенк во клиниката и помагаме матичните клетки да се одмрзнат и припремат. За оваа задача Vita 34 оформи специјален тим за транспорт на матични клетки.

Стандардните пакети на услуги не опфаќаат

O  Анализа на крв
Анализата на крв на HIV, хепатитис Б, хепатитис Ц и сифилис не е вкалкулирана во цената.

Временски период на складирање

P  Bio Save Klasik
Пакетот Bio Save Klasik подразбира период на складирање од 20 години.

Q  Bio Save +30
Пакетот Bio Save +30 подразбира период на складирање од 30 години.

R  Bio Save +40
Пакетот Bio Save +40 подразбира период на складирање од 40 години.

S  Bio Save +50
Пакетот Bio Save +50 подразбира период на складирање од 50 години.

Дополнителни услуги

T  180 EUR подарок попуст за верност 
Доколку се одлучите за складирање на папочна крв во Vita 34 и за следното дете, ќе добиете попуст 180 EUR. Овој попуст не може да се комбинира и собира со други попусти или посебните погодности во случај на близначко породување.

U  Петгодишна гаранција за цена кај следното складирање на папочна крв
Доколку во текот на следните пет години се одлучите за складирање на папочна крв за второто дете по исти договорни услуги, ние Ви гарантираме иста цена како и за првото складирање, без оглед на евентуални корекции на цените кои се случиле во меѓувреме.

V  Посебни услови за близначка бременост
Во случај на близначко породување Ви нудиме посебни погодности. За првото дете ја плаќате целата со договор одредена сума во зависност од периодот на складирање (прецизирано под: P, Q, R и S)  додека за второто плаќате: за период од 20 години 1.140 €, за период од 30 години 1.350 €, за период од 40 години 1.550 € и за период од 50 години 1.690 €.

 

   Папочна крв + ткиво од папочна врвка Bio Save Cord
Klasik
Bio Save Cord
+30
Bio Save Cord
+40
Bio Save Cord
+50
  Стандардните пакети на услуги опфаќаат        
A Неограничено траење на договор  check.png  check.png  check.png  check.png
B Без дополнителни трошоци на годишно ниво  check.png  check.png  check.png  check.png
C Стручни консултации од страна на нашите медицински експерти  check.png  check.png  check.png  check.png
D Детална медицинска историја и проценка од нашите лекари  check.png  check.png  check.png  check.png
E Обука на персоналот во породилиштето од страна на нашите соработници  check.png  check.png  check.png  check.png
F Транспортен пакет со сет за земање на крв и ткиво Vita 34 стабилен во поглед на температура  check.png  check.png  check.png  check.png
G Бесплатно земање на папочна крв и ткиво од папочна врвка во породилиштето  check.png  check.png  check.png  check.png
H Транспорт до нашите лаборатории се врши преку специјализирани курирски служби 365 денови годишно  check.png  check.png  check.png  check.png
I Обработка на крвта и ткивото во стерилни услови (GMP-standard)  check.png  check.png  check.png  check.png
J Компјутерско управување со криопрезервацијата во специјално развиени вреќички за замрзнување Vita 34  check.png  check.png  check.png  check.png
K Испитување на квалитетот на крвта и ткивото во согласност со законските одредби  check.png  check.png  check.png  check.png
L Доставување и образложување на резултати / сертификат  check.png  check.png  check.png  check.png
M 50 години осигурување во случај на инсолвентност кај HDI - Gerling, Германија  check.png  check.png  check.png  check.png
N Транспорт на папочна крв до клиника во случај на тераписка примена  check.png  check.png  check.png  check.png
  Стандардните пакети на услуги не опфаќаат        
O Анализа на крв за HIV, хепатитис Б, хепатитис Ц и сифилис - - - -
  Временски период на складирање        
P Период на складирање од 20 години  check.png - - -
Q Период на складирање од 30 години -   check.png - -
R Период на складирање од 40 години - -  check.png -
S Период на складирање од 50 години - - -   check.png
  Дополнителни услуги        
T 180 EUR подарок попуст за верност кај следното складирање на папочна крв и ткиво од папочна врвка  check.png  check.png  check.png  check.png
U Петгодишна гаранција за цена кај следното складирање на папочна крв и ткиво од папочна врвка  check.png  check.png check.png  check.png
V Посебни услови кај близначка бременост  check.png  check.png  check.png  check.png
  Одредена цена со договор 2.390€ 2.890€ 3.190€ 3.590€

Стандардните пакети на услуги опфаќаат

A  Неограничено траење на договор
Секој договор трае неограничено, затоа што здравствената превентива треба да му биде на располагање на Вашето дете во текот на целиот живот.

B  Без дополнителни трошоци на годишно ниво
Условите на договорот Ви гарантираат дека во текот на договорениот период на складирање нема да имате никакви дополнителни трошоци. Финансиската сигурност за Вас и Вашето дете е многу важна кај долгорочното складирање на папочна крв и ткиво од папочна врвка.

C  Стручни консултации од страна на нашите медицински експерти
Експерти од областа на медицината стручно ќе Ве посоветуваат и ќе ви пружат поддршка во сите медицински прашања поврзани со темата матични клетки од папочна крв и ткиво.

D  Детална медицинска историја и проценка на нашите лекари
Внимателно собирање на податоци и проценка на медицинска историја на Вашето семејство е пропишано од страна на Министерството за здравство на Германија, а се врши поради сигурност на Вашето дете во случај на тераписка примена на матични клетки. Врз основа на формуларот за медицинска историја и резултатите забележани трудничката документација нашите лекари проценуваат,дали од медицинска гледна точка може да биде извршено земање на папочна крв и ткиво и дали подоцна таа крв може да биде применета во тераписки цели. Соодветна потврда за тоа ќе добие и клиниката која сте ја одбрале за породување.

E  Обука на персоналот во породилиштето од стана на нашите соработници
Стручен тим од наши соработници води сметка за тоа Вашето породилиште да ги исполнува сите предуслови пропишани со закон, кои се неопходни за добивање на папочна крв и ткиво од папочна врвка, како и тоа сите лекари и бабици да минат обука за земање на папочна крв и ткиво од папочна врвка.

F  Специјално дизајниран транспортен пакет со сет за земање на крв и ткиво Vita 34
Сигурносното пакување кое содржи гел, чија улога е стабилизирање на температурата, изолациската кутија од стиропор и чипот за мерење на температура, кој непрекинато ја бележи температурата дизајнирани се од страна на стручни лици од Vita 34, за да обезбедат најдобар можен квалитет при транспортот на крв и ткиво. Пакетот содржи сет за земање на крв и ткиво Vita 34, специјално дизајниран за безбедно земање на папочна крв и ткиво од папочна врвка кај нормално породување и царски рез, и кутија со прибор за дезинфекција.

G  Бесплатно земање на папочна крв и ткиво од папочна врвка во породилиштето
Земањето на папочна крв и ткиво од папочна врвка го врши обучен персонал. Трошоците се вкалкулирани во цената.

H  Транспорт на крвта преку специјализирана курирска служба до нашата лабораторија
Нашата инфо линија Ви е на располагање 365 дена годишно 24 часа. Можете да бидете сигурни дека транспортот на крвта и ткивото во лабораториите на Vita 34 дури и за викенд и празници ќе биде извршен во предвидениот рок, кој е пропишан од страна на Германската лекарска комора. 

I  Обработка на крвта во стерилни услови (GMP стандард)
Припремата на папочната крв и ткиво од папочна врвка се врши во нашата лабораторија Vita 34. Се работи за безбедна лабораторија во согласност со GMP стандардот (GMP: Good Manufacturing Practice - највисок медицински стандард за производители на медицински средства). Обработката на крвта и ткивото се врши во специјално заштитени стерилни простории, каде непрекинато се врши надзор, а пристапот до тие простории е строго ограничен.

J  Компјутерско управување со криопрезервацијата во вреќички за замрзнување Vita 34
Папочната крв се замрзнува во 6 порции (една главна вреќичка и пет примероци за дополнителни тестирања). Ткивото се замрзнува во 3 аликоти, што овозможува трократна употреба на истото. Примероците се складираат во специјално дизјнирани вреќички, кои се отпорни на кршење. Во случај да е собрано поголемо количество на крв, истото без дополнителни трошоци ќе биде поделено и складирано во две различни вреќички. Сите порции се чуваат во две посебни касети,од кои една за папочната крв а другата за ткивото од папочната врвка, кои гаранираат рамномерно и сигурно замрзнување и складирање. Трајното складирање се врши во тенкови за замрзнување, кои имаат независно напојување со струја на температура од -196°C.

K  Испитување на квалитетот во согласност со законските одредби
Папочната крв и ткиво од папочна врвка мораат да бидат внимателно испитани во согласност со пропишаните параметри за квалитет. Дури тогаш можат да бидат употребени во случај на болест. Тестирањето трае неколку недели и ги опфаќа следните релевантни чекори.
Кај папочната врвка и ткиво од папочна врвка: број на потентни клетки во папочна крв, крвна група, контрола на стерилност, инфекциски маркери (HIV 1-RNK, hepatitis C-RNK, parvovirus B19-DNK, virus citomegalia-DNK). Ако е неопходно, како на пример во случај на позитивна контрола на стерилност, спроведуваме дополнителни тестирања.
Кај мајчина крв: HIV 1/2 - антитела/p24-антиген, TP-антитела, hepatitis Bs-антиген, hepatitis Bc-антитела, hepatitis C-антитела, HTLV I/II-антитела. Ако е неопходно, спроведуваме тестирања и за други параметри.

L  Доставување и образложување на резултат / сертификат
Ние Ви ги соопштиваме резултатите од од испитувањата на папочната крв и ткиво од папочна врвка и крвта на мајката. Во случај да имате прашања можете преку телефон да се обратите до нашиот стручен соработник. Потоа ќе добиете сертификат.

M  50 осигурување во случај на инсолвентност кај HDI - Gerling, Germany осигурување
Како приватна банка за матични клетки ние сме независни од влијанието на носителите на јавен интерес и субвенции и на тој начин од одлуки, кои можат да влијаат на траењето или квалитетот на складирањето. Со тоа Ви нудиме сигурност, која ќе ја поддржи HDI - Gerling осигурување, Germany. 
HDI - Gerling во случај на инсолвентност ќе обезбеди финансиски средства за папочната крв и ткиво од папочна врвка на Вашето дете до 50-тата година од животот останат правилно складирани.

N  Транспорт на папочната крв до клиника
Во случај да е потребна папочната крв на Вашето дете за тераписка примена од нас ќе добиете сеопфатна поддшка. Ќе Ви помогнеме при пополнување на формулари, кај договори со лекари и ако е тоа можно, заедно ќе побараме специјалист. Ние ги носиме криопрезервираните матични клетки во специјален тенк во клиниката и помагаме матичните клетки да се одмрзнат и припремат. За оваа задача Vita 34 оформи специјален тим за транспорт на матични клетки.

Стандардните пакети на услуги не опфаќаат

O  Анализа на крв
Анализата на крв на HIV, хепатитис Б, хепатитис Ц и сифилис не е вкалкулирана во цената.

Временски период на складирање

P  Bio Save Cord Klasik
Пакетот Bio Save Cord Klasik подразбира период на складирање од 20 години.

Q  Bio Save Cord +30
Пакетот Bio Save Cord +30 подразбира период на складирање од 30 години.

R  Bio Save Cord +40
Пакетот Bio Save Cord +40 подразбира период на складирање од 40 години.

S  Bio Save Cord +50
Пакетот Bio Save Cord +50 подразбира период на складирање од 50 години.

Дополнителни услуги

T  180 EUR подарок попуст за верност 
Доколку се одлучите за складирање на папочна крв и ткиво во Vita 34 и за следното дете, ќе добиете попуст од 180 EUR. Овој попуст не може да се комбинира и собира со други попусти или посебните погодности во случај на близначко породување.

U  Петгодишна гаранција за цена кај следното складирање на папочна крв и ткиво од папочна врвка
Доколку во текот на следните пет години се одлучите за складирање на папочна крв и ткиво од папочна врвка за второто дете по исти договорни услуги, ние Ви гарантираме иста цена како и за првото складирање, без оглед на евентуални корекции на цените кои се случиле во меѓувреме.

V  Посебни услови за близначка бременост
Во случај на близначко породување Ви нудиме посебни погодности. За првото дете ја плаќате целата со договор одредена сума во зависност од периодот на складирање (прецизирано под: P, Q, R и S)  додека за второто плаќате: за период од 20 години 1.830 €, за период од 30 години 2.100 €, за период од 40 години 2.390 € и за период од 50 години 2.680 €.