Чекори

Целокупната процедура и редослед на чекори при складирање на матични клетки, почнувајќи од иницијалниот контакт, преку потпишување договор,па се до складирањето на клетки и врачување на сертификат.

01-kontakt.pngНé контактирате

Контактирајте нé преку телефон или e-mail, за да закажеме состанок на кој би Ви презентирале зошто е корисно да се зачуваат матични клетки од папочна врвка.

02-ugovor.pngПотпишуваме договор

Потпишуваме троен договор помеѓу Вас, Био Сејв и Vita 34. Договорот се потпишува на период од 20, 30, 40 или 50 години.

03-anamneza.pngПополнувате анамнеза на болести

Анамнеза или кратка медицинска историја за болести и лекови која трудницата ги земала или ги зема. Содржи 33 прашања, со тоа што 33. прашање се однесува на партнерот и семјеството. 

04-set-nosite-kuci.pngГо носите дома сетот за земање матични клетки

Сетот за земање на крв е стерилен. Поради тоа е важно, пакетот да не го отворате, во спротивно ќе биде неупотреблив. Останатите интрукции за чување на сетот ќе ги добиете со докуметнацијата која ја носите со себе.

05-test-krvi.pngВршите анализа на крвта

Крвна анализа на трудницата на HIV1/2, сифилис (TPHA, VDRL), HBV (HbsAg) и HCV (анти HCV). Овие анализи можете да ги направите во јавно здравство, или во било која приватна клиника или лабораторија. Потоа можете да ни ги пратите скенирани преку е-мејл.

06-nosite-set-u-porodiliste.pngПри одење во породилиштето го носите сетот со себе

Доволно е да се појавите во породилиштето со сетот за земање на матични клетки. Сите породилишта во Македонија имаат пројдено обука за земање на матични клетки.

07-uzimanje-krvi.pngПри породувањето се зема материјалот

При породувањето во вреќичката, која содржи 20 ml антикоагулаторно средство, се собира максимално расположливата количина на крв од папочната врвка Доколку е избран некој од "Cord" пакетите, потоа се пресекува и зема целата папочна врвка која се складира во специјален канистер кој се наоѓа во сетот. При породувањето се зема и 7,5 ml венска крв од мајката, поради дополнителни тестирања во Германија, што е вкалкулирано во цената на услугите.

08-kontakt-po-porodjaju.pngПо породувањето нé контактирате

Нé контактирате на бројот 075/ 34 34 33 кој за Вас е достапен 365 денови во годината, 24 часа дневно.

09-krv-se-salje-za-nemacku.pngМатеријалот се испраќа во Германија

За што поголем број на клетки, но и што подобар квалитет потребно е материјалот во што пократок рок да стигне од породилиштето до банката. Био Сејв врши транспорт на примероци 365 денови во годината преку Der Kurier (специјализирана служба за транспорт на медицински материјал) и DHL.

10-krv-se-zamrzava.pngПапочната крв и ткиво се замрзнуваат на -196°C

Примероците се замрзнуваат на -196°C. Самата Vita 34 разви специјални тенкови, вреќички и касети за чување на примероците. 

11-analize.pngСе вршат потребните анализи

Во нашата лабораторија во Лајпциг се вршат детални анализи на крвта и ткивото од папочна врвка како и крвта на мајката на вируси и бактерии. Истотака се врши и пребројување на матичните клетки.

12-potvrda-kvaliteta-krvi.pngСе утврдува квалитетот на примерокот

Се утврдува бројот на матични клетки и стерилноста на примерокот. 

13-druga-anamneza.pngПополнувате втора анамнеза

15 денови по породувањето ќе Ве контактираме со цел да се изработи уште една кратка пост-породилна анамнеза. Проценката на анамнезата на историја на болести на мајката и детето по породувањето опфаќа 25 прашања.

14-placanje.pngВршите плаќање

Плаќањето се врши дури откако ќе се утврди дека примерокот е погоден за складирање. Фактурата можеме да Ви ја пратиме преку е-мејл или пошта. 

15-sertifikat.pngДобивате сертификат

По исплатата на целокупниот износ можете да го превземете сертификатот.