Моето е твое - Бесплатно чување матични клетки

 

Програм за бесплатно чување матични клетки

Како една од услугите, Bio Save во соработка со Bio Save Фондацијата го смисли програмот за бесплатно чување матични клетки “Моето е твое”.

Секое дете кое е болно ќе добие прилика веќе при раѓањето на неговиот брат или сестра да добие еден вреден подарок кој може да му го спаси животот.

“Моето е твое” е програм за семејно чување матични клетки кој е ослободен од плаќање на било какви трошоци. Целосно бесплатно им овозможуваме на семејствата кои сакаат да сочуваат матични клетки од крв од папочна врвка од своето новороденче за некој член на семејството (брат или сестра) кај кого е поставена дијагноза која е таква да укажува на постоење на заболување кое може да му го загрози животот, а кое може да се лекува со матични клетки во рамки на стандардните терапии.

Програмот “Моето е твое” е специфично осмислен за да може да им пружи прилика на загрозените семејства да ги соберат матичните клетки од папочна врвка од своето очекувано новороденче и истите да ги сочуваат без никаков надоместок, со цел понатамошно лекување на заболен првостепен сродник во блиска иднина.

За да може едно семејство да се квалификува за програмот “Моето е твое”, детето мора да има дијагноза за болест која моментално спаѓа во редот на заболувања кои можат да се лекуваат со матични клетки од крв од папочна врвка, да постои доказ за првостепено крвно сродство, и да постои онколог/хематолог кој се согласува со тоа дека даденото заболување може да се лекува со употреба на матични клетки. Bio Save ќе обезбеди комплет за собирање крв и ќе го обработи и сочува примерокот од крв од папочна врвка на новородоенчето, до моментот кога ќе се укаже потреба истиот да се искористи, без пресметување на било какви трошоци за даденото семејство.

Bio Save ги сноси сите трошоци кое ги пресметува породилиштето кое е вклучено во постапката за собирање примерок со крв од папочна врвка од Вашето новороденче како и сите надоместоци за транспорт на примерокот до нашите лаборатории.