Сет за транспорт на матични клетки Vita 34

Сигурен транспорт до лабораторија

Со најдолго медицинско искуство ние ги поставуваме стандардите на сите останати банки за матични клетки во Европа. Поради тоа константно работиме на иновациите, па така само со цел сигурен транспорт развивме сопствен сет за собирање на крв и ткиво од папочна крв.

Сопствен сет за собирање на матични клетки

Папочната крв на Вашето дете е драгоцена. Поради тоа сторивме сé што е во наша моќ да развиеме поверливи материјали и процеси, кои ја чуваат од моментот на собирање при породувањето до складирањето. Со таа цел развивме сопствен сет за собирање на крв и ткиво од папочна врвка. Тој е стерилен и содржи се што е потребно да се обезеди сигурен транспорт на папочна крв и ткиво од папочна врвка.

Uporedjivanje setova za transport krvi

Сетот за транспорт на крв и ткиво од папочна врвка Vita 34 на прегледот на техничката инспекција од страна на TÜV покажа убедливо најдобри резултати: изложен на максимални температури и до 40о С ја одржува стабилноста на температурата скоро 6 часа, за разлика од останатите сетови кои можат да издржат максимално 2 часа и 41 минута.

Во Европа не постои постабилен сет за собирање и транспорт на крв и ткиво од папочна врвка

Папочната крв мора да се транспортира на собна температура. Тоа претставува голем предизвик за нашата логистика пред се во текот на летото и зимата. Поради тоа Vita 34  разви сопствено транспортно пакување, кои претставува не само заштита од потреси, туку и оптимално ги компензира температурни осцилации.

Стручните лица од TÜV (Организација за техничка инспекција) потврдија дека во Европа не постои друг сет за собирање на крв и ткиво од папочна врква, кој толку долго ја задржува температурата стабилна. Сетот содржи термометар кој отчитува промени на температурата во текот на транспортот.

 

Нашата вреќичка за замрзнување останува флексибилна и на -196°C

За крвта и ткивото од папочна врвка да му бидат на располагање на Вашето дете во текот на целиот живот, Vita 34 ги складира на температура од -196ОC. На оваа температура матичните клетки практично не стареат. Но екстремната температура поставува и високи стандарди во поглед на материјалот. Вообичаените материјали постануваат крути и при потреси можат да се скршат. За тоа да се спречи, ние во текот на повеќегодишното истражувачко работење развивме сопствена вреќичка за замрзнување, која се состои од материјали кои се стабилни на ниски температури и отпорни во поглед на кршење. Тоа е многу поскапо од стандардните материјали, но значи повеќе сигурност за крвта и ткивото од папочна врвка.

Занимливи факти

  • Единствена услуга – само во Vita 34 е можно да се сочуваат матичните клетки на половина век
  • Сопствено транспортно пакување кое оптимално ги компензира температурни осцилации
  • TÜV (Светска организација за техничка инспекција) преку тестирање на Vita 34 сетот и сетовите на останатите семејни банки за матични клетки, утврди дека Vita 34 има најсигурен сет за транспорт на папочна крв и ткиво од папочна врвка.
  • Сопствена вреќичка за замрзнување направена од посебни материјали отпорни на ниски температури и кршење
  • Био Сејв организира транспорт на примероци од папочна крв и ткиво од папочна врвка преку специјализирани курирски служни, но и транспорт по друмски пат во случај на временски непогоди.