Акредитации

Vita 34 е прва приватна банка за матични клетки која за обработката и складирањето доби потврда по основ на строгиот GMP стандард, кој е доказ дека се спроведува најстрога контрола на квалитет на процесот на обработка, криопрезервација, како и припрема на матични клетки за евентуална употреба и тоа по стандардите на ЕУ директивите. Покрај останатите сертификати, Vita 34 има одобрение од Paul Ehrlich Институтот, која е институција на Сојузна Република Германија. Оваа институција го известува Министерството за Здравство на Германија, а надлежностите на оваа институција се како FDA во САД. (FDA – Агенција за храна и лекови во Америка).

GMP сертификат според стандардите на EУ директивите

Vita 34 е првата приватна банка за матични клетки која за обработката и складирањето доби потврда за работење врз основа на строгиот GMP стандард, кој е доказ дека се спроведува најстрога контрола на квалитетот на процесот на обработка, криопрезервација, како и припрема на матични клетки за евентуална употреба и тоа по стандардите на EУ директивите.

GMP сертификат е највисокиот медицински стандард во светот, а со тоа осигурува дека секој примерок на крв и ткиво од папочна врвка се обработува под исти барања за квалитет. Обработката на крвта и ткивото од папочна врвка се врши во специјално заштитени стерилни простории, каде непрекинато се врши надзор, а пристапот до просториите е строго ограничен. Сите лабораториски материјали, истотака, се проверуваат пред користење, како би се избегнало негативно влијание врз крвта и ткивото од папочна врвка.

Vita 34 работи под строг надзор на германските власти – најстрогите закони во ЕУ.

Vita 34 е единствена приватна банка за матични клетки која доби одобрување од Paul Ehrlich Институтот за припрема на алогени трансплантации

Во однос на останатите, Vita 34 има широк спректар на потенцијални примени на матичните клетки. Ова значи производна дозвола за припрема на крв за автологни и алогени трансплантации, дозвола од Paul Ehrlich Институтот за употреба во третмани на крвни заболувања, како и дозвола за употреба во рамки на првата Европска студија за дијабетес тип 1.

Paul Ehrlich Институтот е агенција на Германското Министерство за Здравство, која е надлежна за издавање на дозволи во врска со истражувања на биолошки материјали, како и употреба на матични клетки во тераписки цели. Истражувањата кои овој институт секодневно ги спроведува промовираат квалитет, ефикасност и сигурност на биолошкиот медицински материјал. Vita 34 е единствената банка за матични клетки која поседува дозволи за автологна и алогена употреба на матични клетки од папочна крв (PEI.H.00601.01.1, PEI.H.0601.02.1).

Затоа, Vita 34 овозможува употреба на крв од папочна врвка во кругот на семејството уште од 2002. година.

ISO 9001:2000, ISO 13485:2003

MEDCERT како највисоко сертификациско тело во Германија на банката Vita 34 и додели ISO:9001:2000 И ISO 13485:2003 стандарди, кои го означуваат и потврдуваат исклучителниот квалитет на методите на собирање и складирање на матични клетки.

EFI (Европско федерално тело за имуногенетика) акредитација

Европското федерално тело за имуногенетика е надлежен орган кој го следи и промовира развојот на имуногенетиката на територија на Европа. Европското федерално тело за имуногенетика и додели на Vita 34 акредитација според EFI стандардите (EFI STANDARDS 5,6) за тестирање на хистокомпатибилност на примерок.

DakkS сертификат

Deutsche Akkreditierungsstelle GmbH (DAkkS) е национално акредитационо тело на Германија. Функцијата на ова тело е проценка, тестирање, сертификација и мониторинг на техничката компетенција на лаборатории, инспекторати и сертификациски тела