Чување

“Во текот на своето долгогодишно работење со матични клетки од крв од папочна врвка се уверив дека напредокот во сите полиња на медицината е неминовен.”

dr Petra Rauprich, 
Одделение за медицинска наука VITA34

Најсигурен сет за транспорт на матични клетки

Веќе од самото земање на примерок и припреми за праќање, водиме сметка за сигурноста на примерокот од папочна крв и ткиво. Поради тоа развивме посебен сет за транспорт кој од страна на TUV (Светска организација за техничка инспекција) доби признание за најдобар сет за транспорт на папочна крв и ткиво.

Set za transport krvi 

Идеална температура за транспорт на папочна крв е од 18°C до 26°C. Меѓутоа, кога температурата достигнува 40°C, единствено Vita 34 сетот има адекватна топлотна изолација. Иако големината на сетот е двојно поголема и потешка, а со самото тоа и поскапа отколку кај останатите семејни банки, Vita 34 настојува да го одржи квалитетот на примерокот и до самото пристигнување во лабораторија. Сетот се опремен со електричен мерен чип за следење на температурата, за стручните лица во лабораторијата да имаат запис за промените на температурата при самиот транспорт.

Складирање на примероци од папочна крв и ткиво на -196°C

Од самиот почеток, како прва европска семејна банка, се одлучивме за складирањена целокупната крв, без нејзина редукција односно издвојување на матични клетки. Издвојување и складирање на само еден или два вида на матични клетки е поекономично, но папочната крв содржи и други видови на матични клетки кои не треба да се отфрлаат.

Zamrzavanje uzoraka

Преку чување на матични клетки, се чуваат само хематопоетските - оние матични клетки кои помагаат при лекување на крвни заболувања. Најновите резултати од истражувањата докажуваат голема моќ за лекување на други видови на заболувања со останатите компоненти кои се наоѓаат во крвта. Ние, бидејќи се определивме за ваков вид на складирање уште од самиот почеток, избегнавме губиток на овие драгоцени клетки. Примероците се чуваат на -196°C, а оваа температура побарува и посебни вреќички за замрзнување, кои не можат да се скршат ни во случај на земјотрес. Во текот на своето осумнаесет годишно искуство, Vita 34 разви сопствена вреќичка за замрзнување која е отпорна на многу ниски температури и значи сигурност за примероците од папочна крв и ткиво.

Складирање матични клетки на 50 години

Највисокиот квалитет на складирање на матични клетки, како и долгогодишното искуство и овозможи на Vita 34 матичните клетки да ги чува на период од дури 50 години.

Vita 34 е единствена банка која ги исполни строгите услови за чување на матични клетки на 50 години, па родителите можат да изберат на кој период сакаат складирање на матични клетки за своите деца. Квалитетот и одржливоста на стандардите потврден е и со осигурување на матичните клетки на 50 години, што повторно е единствен случај во Европа.