Искуство

Историјата на складирање на папочна крв и Vita 34 одат заедно. Тоа убеди многу родители

Dr Erih Kunert
директор на стручно советувалиште и портпарол на Vita 34

Повеќе од 100.000 семејства веќе ни укажаа доверба затоа што веруваат во нашето искуство.

Се повеќе идни родители се одлучуваат за тоа да ги сочуваат матичните клетки на своето дете. Повеќе од 100.000 препарати од папочна крв и ткиво од Германија, Австрија, Швајцарија, Шпанија, Италија, Словенија, Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија и Романија кои се складирани во Vita 34 ја докажуваат големата доверба на родителите во искуството и компетенцијата на првата банка за матични клетки Vita 34.

Пионери во Европа

Vita 34 во 1997. година е основана од страна на dr sci. med. Eberhard Lampeter заедно со неколку свои колеги. Беше првата фирма во Европа, која им овозможи на родителите приватно чување на папочна крв. Со нашите искуства и иновации поставивме стандард - и тоа не само во Германија.

Собирањето на папочна крв и ткиво се врши веднаш по пресекувањето на папочната врвка од страна на стручниот персонал на клиниката. Сите кои во родилната сала се занимаваат со собирање на крв и ткиво имаат поминато на редовна обука, која ја изведува некој од нашите соработници.Во меѓувреме Vita 34 издаде повеќе од 30.000 сертификати за завршена обука за лекари и бабици. На тој начин се погриживме дека веќе при собирањето, квалитетот на папочната крв и ткиво е загарантиран.

Вие ќе имате корист од нашето искуство во областа на примена

До сега сме овозможиле лекување со матични клетки од папочна крв за толку деца, колку што сите други приватни банки за матични клетки во Европа заедно. Тоа е важна потврда за нашето работење.

Регенеративните терапии се најчести

Кога во 1997 година започнавме со работа, за нас најверојатна беше употребата на матични клетки кај ракот. Но во меѓувреме се покажа дека матичните клетки од папочна крв не се употребуваат само кај заболени крвни садови и рак. Поголемиот број деца примија сопствена папочна крв во рамки на експерименталната терапија кај детските мозочни оштетувања. Освен тоа, многу деца учествуваа во нашата студија во соработка со Техничкиот универзитет во Минхен за лекување на дијабетес тип 1.

Дури и браќа и сестри можат да имаат корист

Постојат заболувања како што е леукемијата, кај кои матичните клетки од сопствената папочна крв не се прв избор. Во тој случај е подобро да се употребат матчни клетки од здрав брат или сестра. Така се случило повеќе пати папочната крв на новороденчето која е превентивно зачувана кај нас, да му овозможи на постариот брат или сестра итна трансплантација на матични клетки.

Примероците се прифатени во сите клиники во светот

Vita 34 соработува со Северно-германскиот регистар за коскена срцевина и Регистарот за матични клетки (NKR) во Хановер. За Регистарот за матични клетки (NKR) примероците кои се донирани се складираат и припремаат во Vita 34.

“Искуствотот во складирање на папочна крв, високите стандарди за квалитет и големата мрежа на клиники и партнери, покажаа дека Vita 34 е идеален партнер за нас”

dr Marlena Robin-Winn 
директор на NKR

Ова е уште еден доказ на квалитетот, со оглед на тоа дека Vita 34 е единствена приватна банка во Европа која складира примероци за јавен регистар. Во согласност со тоа, примероците од Vita 34 се складираат по светски прифатени стандарди, и затоа се прифатени од сите клиники во светот.

Наши искуства

  • Најдолго медицинско искуство во областа на матични клетки од папочна врвка
  • Преку 100.000 складирани препарати од папочна крв и ткиво од 1997. година
  • Најголем број на апликации во Европа замајќи ги во предвид сите приватни банки за матични клетки, дури 30
  • Соработка со сите породилишта во Македонија