Истражување

Истражувањето е за нас на прво место, затоа што секое сознание допринесува кон тоа да се прошират можностите за примена на матичните клетки

dr Ridiger Alt
директор за истражување и развој во Vita 34

Ние истражуваме за да може Вашето дете да има корист од новите терапии

Ние сме уверени дека матичните клетки од папочна крв во иднина ќе помогнат да се победат денес сеуште неизлечивите болести. Науката е на прагот на нова ера, во која матичните клетки ќе бидат третиот столб на медицината, покрај лековите и хируршките методи. Ние допринесуваме во овој развој во значителна мерка. Ако ја складирате папочна крв на своето дете, му пружате посебна можност учествува во медицинскиот равој.

Преку истражување до напредок

Ние учествуваме во основните истражувања и испитувања на терапии. При тоа соработуваме со универзитети и реномирани институции за научни истражувања во цела Германија. Многу од нашите истражувачки резултати се претставени на меѓународни конгреси и објавени во стручни часописи. Два истражувачки проекти се наградени од страна на германското друштво за торакална, кардио и васкуларна хирургија.

Секој истражувачки проект не се завршува позитивно, но секој резултат допринесува кон тоа подобро да ги разбереме матичните клетки од папочна крв и да ги прошириме можностите за нивна примена. Секоја нова област на примена која е откриена може да го направи депото со папочна крв на Вашето дете уште подрагоцено.

Наши партнери:

(1) Универзитетот во Лајпциг, (2) Fraunhofer институт за клеточна терапија и имунологија Лајпциг, (3) Трансплантациски центар за регенеративна медицина, Лајпциг, (4) Универзитет Росток, (5) Виша медицинска школа Хановер, (6) Технички универзитет Минхен, (7) IPK Gatersleben, (8) BioPlanta GmbH Лајпциг, (9) Институт Lajbnic за билна биохемија Хале