Прашања и одговори: Зошто Vita 34

За квалитетна обработка на матични клетки нема евтина генетика 

Пред 18 години постоеше само една приватна банка за матични клетки во Европа: Vita 34

Денес родителите кои сакаат да остават матични клетки имаат мака да изберат помеѓу пионерот и другите банки. Вие не сакате крвта на Вашето дете само да се замрзне, туку сакате да бидете сигурни дека матичните клетки во случај на потреба смеат да бидат употребени за трансплантација? 
Во тој случај и денес најдобар избор би била: Vita 34.

Зошто? Одлуката за тоа дали да се употребат млади плурипотентни матични клетки да се спаси живот ја донесува лекар. Тој лекува и сноси одговорност. Нему му е важен висок квалитет на обработка на матичните клетки, детални анамнестички податоци и одобрување од страна на регулаторните органи во согласност со законот за лекови и медицински средства. 

Дозвола за складирање на матични клетки поседуваат сите банки за матични клетки. Одобрување за употреба на матични клетки за лекување на Вашето дете, неговиот брат или сестра или за донација не поседуваат сите банки. 

По желба на многу идни родители даваме предлог од 10 прашања кои треба да ги поставите, каде се наведува она што е навистина важно во сериозни ситуации, како сами да направите споредба на банките, а воедно даваме и одговори на истите прашања.

Да почнеме со ред:

1. Колку години искуство во чување на матични клетки има банката?
Vita 34 е најстара приватна банка за матични клетки во Европа со 18 години искуство.

2. Колку клиенти до сега ги довериле матичните клетки на чување?
Vita 34 има преку 100.000 клиенти.

3. Дали банката поседува GMP стандард?
Vita 34 е прва приватна банка во Европа која доби GMP стандард.

4. Колку искуство во употреба на матични клетки од папочна врвка за лекување на деца (и болен брат или сестра) има банката?
Vita 34 има најголем број на третмани со матични клетки, дури 30, што е повеќе од сите приватни банки во Европа заедно.

5. Дали се врши проценка на семејна историја на болести?
Поради добивање на што појасна слика за квалитетот на препаратите од крв од папочна врвка и можноста за примена Vita 34 врши проценка на анамнеза на семејна историја на болести пред породувањето, која опфаќа 33 прашања, како и проценка на анамнеза на историја на болести на мајката и детето по породувањето, која опфаќа 25 прашања.

6. Дали препаратите од папочна крв складирани кај Vita 34 можат да се употребат за третмани со матични клетки? 
Vita 34 поседува одобрување за третмани со матични клетки, како лично за детето (автологна), така и за брат или сестра (алогена), но и како помош за други (донација).

7. Дали транспортот на матичните клетки се врши само во работни денови или и викенд и празници, т.е. на кој начин? 
За што поголем број на клетки, но и за што подобар квалитет потребно е матичните клетки во што пократок рок да стигнат од породилиштето до банката. Bio Save врши транспорт на матични клетки 365 дена во годината преку Der Kurier (специјализирана служба за транспорт на медицински материјал) и DHL.

8. Во случај на потреба за лекување, кој го сноси трошокот за транспорт на матичните клетки до клиниката во која се врши лекувањето?
Vita 34 е единствена банка која поседува свој трансплантациски тим. Стручен медицински персонал ја пренесува крвта од папочна врвка во клиниката каде се врши лекувањето и на лице место примерокот се припрема за третман и предава на надлежниот лекар. Vita 34 за таа намена користи сопствена мобилна “Clean room” технологија. Оваа услуга е бесплатна.

9. Каков е квалитето на сетот за транспорт на матичните клетки? Побарајте да Ви покажат како изгледа сетот.
Сетот за транспорт на матични клетки Vita 34 има два мерачи на температура, од кои еден ја меморира температурата на секои 90 минути. Сетот за транспорт на матични клетки Vita 34 по тестот на температурно оптоварување на TÜV доби најдобри оцени и поставен е убедливо првото место. (TÜV - Германска организација за техничка инспекција)

10. Дали матичните клетки на Вашето дете се осигурани во случај на инсолвентност на банката? 
Vita 34 има гаранција од осигурителното друштво HDI – Gerling, Germany, за понатамошно складирање во случај на инсолвентност на период од 50 години.

 

Поради наведеното, при изборот на банка за складирање на матични клетки, би требало да се потпрете на квалитет, искуство, одобрување од регулаторните органи и компетентност, затоа што здравјето на Вашето дете Ви е драгоцено.

Да зачувате матични клетки е добро, но уште подобро е ако било кога Ви затребаат да можете и да ги употребите!