Сигурност

“Родителите ни доверуваат нешто многу драгоцено. Поради тоа во сé што работиме сигурноста има највисок приоритет”

dr Ditmajer Eger
директор на производство во Vita 34

Во нашите истражувања секогаш ја унапредуваме употребата и квалитетот на матичните клетки од папочна крв. Врз основа на нашето долгогодишно искуство станавме признат авторитет во сите области на матични клетки од папочна крв и знаеме што е важно за идните родители и нивните лекари. Затоа папочната крв и ткиво на Вашето дете е во најдобри раце.

Ние работиме во сопствена специјална високо технолошка лабораторија под надзор на надлежните органи

Сите важни чекори - обработката и долгорочното складирање - ги извршуваме сами. Овие задачи се наоѓаат во рацете на соработниците во нашите високо технолошки лаборатории во Лајпциг. Тука работиме со одобрување и под надзор на германските надлежни органи врз основа на највисокиот медицински стандард во светот (GMP). Само на овој начин можеме да ги спроведеме сопствените високи барања во поглед на квалитетот, кои во многу нешта и го надминуваат овој стандард.

Прва GMP акредитирана семејна банка за матични клетки

Vita 34 е првата приватна банка за матични клетки која за обработката и складирањето доби потврда за работење врз основа на строгиот GMP стандард, кој е доказ дека се спроведува најстрога контрола на квалитетот на процесот на обработка, криопрезервација, како и припрема на матични клетки за евентуална употреба и тоа по стандардите на EУ директивите.

Покрај останатите сертификати, Vita 34 има одобрување од Paul Ehrlich Институтот, кој е официјална Германска здравствена институција. Оваа институција го известува Министерството за здравство на Германија, а надлежноста на оваа институција е како што е FDA во САД.

GMP сертификат по стандардите на EУ директивите

GMP сертификатот е највисок медицински стандард во светот, преку што се осигурува секој примерок на папочна крв и ткиво да се обработува под исти побарувања за квалитет. Обработката на примероците се врши во специјално заштитени стерилни простории, каде непрестано се врши надзор, а пристапот до тие простории е строго ограничен. Сите лабораториски материјали, истотака, се проверуваат пред користење, како би се избегнале негативни влијанија врз папочната крв и ткиво. Vita 34 работи под строгиот надзор на германските власти - најстрогите закони во EУ.

Vita 34 е единствена приватна банка за матични клетки која доби одобрување од Paul Ehrlich Институтот за припрема на алогени трансплантации.

Во однос на останатите, Vita 34 има широк спектар за потенцијална примена на крвта од папочна врвка. Ова значи производна дозвола за припрема на крв за автологна и алогена трансплантација, дозвола од Paul Ehrlich Институтот за употреба при третирање на крвни заболувања, како и дозвола за употреба на крвта во склоп на Европската студија за дијабетес тип 1.

Vita 34 е единствена приватна банка за матични клетки која работи во Германија, а која доби одобрување од Paul Ehrlich Институтот за припрема на алогени трансплантации. Поради тоа Vita 34 овозможува употреба на крв од папочна врвка за третмани на сестри или браќа уште од 2002. година.

Гарантираме, ние сме тука за Вас во случај да Ви е е потребна папочна крв

Денес сеуште не знаеме дали или за која причина еден ден ќе биде употребен препарат од папочна крв. Затоа поднесовме барање за одобрување на сите замисливи случаи. Дали е тоа класична терапија со матични клетки кај рак или заболување на крвни садови или нова регенеративна терапија како кај кардио-васкуларните заболувања, дали кај самиот донор или кај неговиот брат или сестра. Во секој случај ние водиме сметка за тоа папочната крв да биде употребена таму каде што е потребна.

Поддршка за родителите се до примена

Во случај да треба да ги употребите матичните клетки од папочна крв на Вашето дете, ќе добиете практична помош и поддршка од нашето стручно советувалиште. Во рамки на нашите можности ќе бидеме среќни да Ви помогнеме да воспоставите контакт со специјалисти од бараните стручни области. Одлуката за тоа дали навистина треба да ја употребите папочната крв ја носи исклучиво Вашиот надлежен лекар.

Еден од советниците од нашето стручно советувалиште во текот на понатамошниот процес е тука за Вас, Ви помага околу неопходните формалности и врз основа на своето искуство Ви пружа лична поддршка. Тој е секогаш, и во текот и по трансплантацијата, во постојан контакт со надлежниот лекар.

Во случај на примена Vita 34 транплантацискиот тим за матични клетки ји носи папочната крв директно во болница

Пред употребата на папочната крв, соработниците во нашата лабораторија изведуваат дополнителни тестови врз пробен примерок на замрзната папочна крв и му ги соопштуваат на лекарот резултатите од испитувањата. Потоа врз основа на договор со лекарот кој ја врши трансплантацијата, го припремаме транспортот на папочната крв до местото на трансплантација. За таа цел развивме прецизна логистика и составивме два тима за матични клетки. Искусни соработници од лабораториите заедно со нашиот курир ја носат во клиниката длабоко замрзнатата папочна крв во специјален контејнер и по желба на лекарот таму ја припремаат за примена.

Sigurnost - transport maticnih celija

Бесплатен транспорт на папочна крв до клиника: во случај да е потребна папочната крв на Вашето дете за тераписка примена од нас ќе добиете сеопфатна поддршка. Ние ги носиме криопрезервираните матични клетки во специјален тенк во клиниката и помагаме матичните клетки да се одмрзнат и припремат. За оваа задача Vita 34 оформи специјален тим за транспорт на матични клетки.

 

Ваша сигурност

  • 50 гаранција за чување, обезбедено преку осигурување во случај на инсолвентност кај HDI - Gerling - Germany
  • Одобрување за сите можности за употреба
  • Доверлива поддршка од нашето стручно советувалиште во случај на примена
  • Придружба на папочната крв од страна на нашиот тим за матични клетки се до клиниката