Терапии

“Терапиите со матични клетки го менуваат светот, како и Vita 34.”

dr André Gerth 
Управен одбор на Vita 34

Најголем број на повлечени примероци за лекување

Нашата посветеност кон квалитет и најдобрата метода за чување на примероци, ни овозможиja лекување за повеќе деца отколку што овозможија сите приватни банки за матични клетки во Европа заедно.

Vita 34 е единствена банка во Европа на која и е одобрено чување на примероци од папочна крв за јавен регистар,што значи дека примероците на Vita 34 се прифатени во сите клиники на светот. Токму ова е причина за најдобрите резултати кога се во прашање лекувањата со матични клетки. Употребата на папочната крв за крвни заболувања, проширена е на мозочни оштетувања и дијабетес тип 1.

Деца лекувани со папочна крв сочувана кај Vita 34:

Година

Пациент

Заболување

Донор

2004.

Девојче, 3 години

Леукемија (ALL)

Сопствена

2005.

Момче, 5 години

Апластична анемија

Брат или сестра

2005.

Момче, 1 година

Мозочно оштетување

Сопствена

2008.

Момче, 1 година

Мозочно оштетување

Сопствена

2009.

Момче, 2 години

Мозочно оштетување

Сопствена

2009.

Девојче, 3 години

Дијабетес тип 1

Сопствена

2009.

Момче, 10 години

Леукемија (ALL)

Брат или сестра

2009.

Момче, 3 месеци

Мозочно оштетување

Сопствена

2009.

Момче, 3 години

Дијабетес тип 1

Сопствена

2009.

Девојче, 10 години

Бета-таласемија

Брат или сестра

2009.

Момче, 3 години

Дијабетес тип 1

Сопствена

2010.

Девојче, 5 години

Мозочно оштетување

Сопствена

2010.

Момче, 4 години

Мозочно оштетување

Сопствена

2010.

Момче, 3 години

Дијабетес тип 1

Сопствена

2010.

Момче, 2 години

Дијабетес тип 1

Сопствена

2011.

Девојче, 1 година

Имунодефициенција

Туѓа

2011.

Девојче, 3 години

Мозочно оштетување

Сопствена

2011.

Момче, 2 години

Дијабетес тип 1

Сопствена

2011.

Момче, 7 години

Мозочно оштетување

Сопствена

2012.

Момче, 3 години

Мозочно оштетување

Сопствена

2012.

Девојче, 5 години

Дијабетес тип 1

Сопствена

2012.

Девојче, 2 години

Леукемија (ALL)

Брат или сестра

2012.

Момче, 14 години

Бета-таласемија

Брат или сестра

2013.

Момче, 8 години

Леукемија (ALL)

Брат или сестра

2013.

Момче, 3 години

Wiskot-Aldrih sindrom (ALL)

Брат или сестра

2014.

Жена, 45 години

Леукемија (AML)

Туѓа

2014.

Момче, 6 години

Бета-Таласемија

Брат или сестра

2014.

Момче, 11 години

Апластична анемија

Сопствена

2015.

Момче, 5 години

Мозочно оштетување

Сопствена

2015.

Девојче, 4 години

Неуробластома

Сопствена

Преку примерок од Vita 34 прв пат во светот е докажано излекувана леукемија

Трансплантацијата е направена во 2004. година на три годишно девојче кај кое третманот со хемотерапија не успеа, така што и беа прогнозирани само три месеци живот. Трансплантацијата беше можна затоа што нејзините родители ја сочуваа крвта од папочна врвка во Vita 34 при раѓањето. По надгледување на пет критични години од животот од тогаш, докажано е дека не постојат никакви знаци на клетки од леукемија во крвта. “Седумдесет и пет месеци минаа и најпосле можеме да потврдиме дека девојчето е излекувано”, изјави во 2011. година Eberhard Lampeter, основачот на Vita 34.

Стручно советувалиште во случај на примена

Во случај да бидете во ситуација да ги употребите матичните клетки од папочна крв на Вашето дете, ќе добиете практична помош и поддршка од нашето стручно советувалиште. Во рамки на нашите можности ќе бидеме среќни да Ви помогнеме да воспоставите контакт со специјалисти од конкретната стручна област. Одлуката за тоа дали навистина треба да се употреби папочна крв ја носи исклучиво Вашиот надлежен лекар.

Во случај на примена трансплантацискиот тим на Vita 34 ја носи папочната крв директно во болница

Врз основа на договор со лекарот кој ја врши трансплантацијата, Vita 34 тимот го припрема транспортот на папочната крв до местото на трансплантација. За таа цел развивме прецизна логистика и составивме два тима за матични клетки. Искусни соработници од лабораториите заедно со нашиот курир ја носат во клиниката длабоко замрзнатата папочна крв во специјален контејнер и по желба на лекарот таму ја припремаат за примена.

Transport pupcane krvi direktno u bolnicu