Трансплантациски тим

Во случај на примена, Vita 34 трансплантацискиот тим за матични клетки ја носи папочната крв директно во болницата.

Пред употребата на папочната крв, соработниците во нашата лабораторија изведуваат дополнителни тестови на пробен примерок од замрзната папочна крв и на лекарот му ги соопштуваат резултатите од испитувањата. Потоа врз основа на договор со лекарот кој ја врши трансплантацијата, го припремаме транспортот на папочната крв до местото на трансплантација.

Со таа цел развивме прецизна логистика и составивме два тима за матични клетки. Искусни соработници од лабораторијата заедно со нашиот курир ја носат во клиника длабоко замрзнатата папочна крв во специјален контејнер и по желба на лекарот таму ја припремаат за примена.

Kontejner - transplatacioni tim

Бесплатен транспорт на папочната крв до клиника

Во случај да е потребна папочната крв на Вашето дета за тераписка примена од нас ќе добиете сеопфатна поддршка. Ние ги носиме криопрезервираните матични клетки во специјален тенк во клиниката и помагаме матичните клетки да се одмрзнат и припремат. За овие задачи Vita 34 оформи специјален тим за транспорт на матични клетки.