Зошто Vita 34

"За квалитетна обработка на матични клетки нема евтина генетика"

dr André Gerth 
Управен одбор на Vita 34

Пред 18 години постоеше само една приватна банка за матични клетки во Европа: Vita 34.

Денес родителите кои сакаат да остават матични клетки имаат мака да изберат помеѓу Vita 34 и другите банки. Вие не сакате крвта на Вашето дете само да се замрзне, туку сакате да бидете сигурни дека матичните клетки во случај на потреба смеат и можат да бидат употребени за трансплантација?

Зошто во тој случај Vita 34 и денес би била Ваш најдобар избор?

одлуката за тоа дали да се употребат млади плурипотентни матични клетки за да се спаси живот, ја носи лекар. Тој лекува и сноси одговорност. Нему му се важни висок квалитет на обработка на матичните клетки, детални анамнестички податоци и одобрувања од страна на регулаторните ограни во согласност со законот за лекови и медицински средства.

Дозвола за складирање на матични клетки поседуваат сите банки за крв од папочна врвка. Одобрување за употреба на матични клетки за лекување на Вашето дете, неговиот брат или сестра или за донација не поседуваат сите банки.

Моментално во Македонија постојат 10 регистрирани претставништва на банки за матични клетки од Европа. По желба на многу идни родители Ви предлагаме 10 прашања кои би требало да ги поставите на другите банки и чии одговори Вам можат да Ви помогнат при донесувањето на вака важна одлука, на кого ќе доверите нешто толку драгоцено.

Во прашањата се наведува она што е навистина важно во сериозни ситуации, како сами да направите споредба на банките. Воедно Ви даваме и одговори на истите прашања.