Карактеристики на матичните клетки

Богатство од папочната крв

Матичните клетки можат да се најдат во сите ткива на возрасен човек, но тие исто како и останатите клетки со годините стареат, се менуваат, односно постануваат помалку витални и квалитетни. Поради тоа тие не се еднакво силни, немаат иста способност за делење и виталност како младите – само девет месеци стари - матични клетки од крв од папочна врвка.

5 основни карактеристики на матичните клетки од крвта од папочна врвка:

  1. Матичните клетки имаат способност да минат низ кругови на делба на клетки, а да ја задржат недиференцираната состојба.
  2. Со оглед на тоа што се земаат при раѓањето, тие немаат минато низ процесот на стареење на човекот. Стари се вкупно 9 месеци и заштитени од било какви надворешни влијанија. Покрај тоа, обезбедуваат многу брзо лекување.
  3. Тие “знаат” да ги пронајдат болните клетки и ткива на телото и да го покренат процесот на лекување. Тие имаат неограничен потенцијал за диференцирање во други видови на клетки на возрасните лица.
  4. Со примарните видови на матични клетки од папочна врвка можат да се излечат многу заболувања кои се опасни по живот.
  5. Крвта од папочна врвка на Вашето бебе има единствена предност во однос на матичните клетки од коскена срцевина. Тие се млади, многу повитални и не биле изложени на факторите на околината. Покрај тоа, да ја сочувате крвта од папочна врвка за Вашето бебе можете само еднаш во животот – при породувањето.