Складирање на целокупната папочна крв VS складирање на матични клетки

Често не прашуваат зошто сме едни од ретките кои ја складираат целата крв собрана при раѓањето, кога нашата конкуренција ги издвојува матичните клетки пред замрзнувањето.

Одговорот е едноставен, Vita 34 е основана од научници и доктори кои секогаш го ставаат долгороното здравје на детето пред комерцијалните трендови. Научно е докажано, складирањето на крв е најдобар начин на чување со оглед дека пружа повеќе можности за развој на идни третмани. Многу истражувања ја нагласија важноста на оваа метода.

Set za transpor krvi

Предности при складирање на целокупната количина на крв

Поголем број на матични клетки

Стручните лица и доктори кои ги користат матичните клетки со цел лекување ја сфаќаат важноста од неманипулацијата врз папочната крв, како би се сочувале што поголем број на матични клетки а со тоа би се подобрил и исходот од самата трансплантација. Според студиите, техниките за одвојување на клеточните компоненти од крвта од папочна врвка, а со тоа и постапката на отстранување на црвените крвни зрнца од трансплантантот можат да доведат до губиток на бројот на витални клетки (Fitzugh, Choi, Broxmeyer).

Поголемо ниво на виталност

Докажано е дека се задржува повисоко ниво на виталност на TNC клетките во целокупниот примерок од папочна крв во однос на редуцираната крв. Целокупната крв се замрзнува многу брзо од моментот на земањето, а времето на обработка преку методите на редукција на крвта резултира со губиток на бројот на матични клетки и нивната виталност. Квалитетот на примерокот и бројот на матични клетки се критични точки кои се одлучувачки за успешноста на трансплантацијата (Screnci).

12 видови на матични клетки

Во папочната крв се наоѓаат 12 видови на матични клетки како мезенхимални MSC, хематопоетски CD34+, матични клетки по својствата слични на ембрионалните (VSEL), неограничени соматски матични клетки USSC, CD37+ итн. Постоењето на фактори за раст, хормони и цитокини клинички е докажано дека го подобрува успехот на самата трансплантација. Идните третмани може да ги побаруваат и останатите видови на клетки пронајдени во крвта од папочна врвка. Преку редуцирањето на крвта, т.е. издвојувањето на матични клетки значи дека во иднина нема да можат да се искористат предностите на овие третмани, како и идните откритија.

Сочувување на VSELs

Едно од најважните откритија се неодамна откриените VSELs – матични клетки кои по своите својства се слични на ембрионалните, т.е. можат да се претворат во секој вид на клетки во организмот. Преку центрифугалното издвојување на матични клетки (редуцирање на крвта) се исфрлаат VSELs клетките, како и главните хормони и фактори за раст.

Поголем процент на прифатени трансплатанти

Поголем е процентот на прифатени трансплантанти со целокупната папочна крв отколку на трансплантанти со редуцирана крв. (Hahn и Stevens).

Поголем број на можни третмани

Процесот на редуцирање на волуменот на папочна крв (издвојување на матични клетки) е неповратен, а со самото тоа и можноста за лекување на заболувања кои не се во врска со крвта, како и било кои потенцијални третмани на полето на регенеративната медицина (Bhartiya).

Крвта од папочна врвка е златен стандард за лекување на карцином

Матичните клетки би требало да бидат издвоени кога нивната употреба е позната - трансфузија со целата крв од папочна врвка останува ЗЛАТЕН СТАНДАРД за лекување на карцином и затоа матичните клетки би требло да останат во крвта додека не затребаат. Во зависност од терапијата, можно е дека само одреден тип на матични клетки ќе бидат потребни и тој тип тогаш се издвојува од папочната крв.

Поскапо складирање на целокупната папочна крв

Складирањето на целокупната крв е три пати поскапо во однос на издвојувањето на матичните клетки поради просторот кој го побарува. Во извештајот објавен на bloodjournal.org се објаснува дека повеќето светски банки ја редуцираат крвта т.е. ги издвојуваат матичните клетки за да ги намалат просторните трошоци. Ваквото складирање е прифатливо ако намерата е да се лекуваат само крвни заболувања.

Познато е дека првиот медицински третман со матични клетки од крв од папочна врвка се случил 1988. година со хематопоетски матични клетки, кои примарно се користат за лекување на крвни заболувања. Тие се првите откриени матични клетки и нивната употреба веќе стана вообичаена пракса. Во почетокот се сочувуваше целокупната папочна крв на новороденчето, без нејзина редукција. Но, како растеше заинтересираноста на родителите за сочувување на папочна крв, така растеа и трошоците, па се јави и недостаток на простор за сочувување на се поголемиот број на такви примероци. Со цел намалување на трошоците за складирање, многу од банките прибегнаа кон методите за редукција на волуменот и издвојување на еден вид на матични клетки, без чување на целокупната крв. Vita 34 ја задржа методата за сочувување на целокупната крв, иако таа е значително поскапа. Научниците ширум светот ја преферираат оваа метода затоа што е докажано поуспшена во примената. Со издвојувањето на само еден вид на матични клетки (хематопоетски), банките значително ги намалуваат шансите за лекување на своите клиенти, а вредноста и квалитетот на примероците опаѓа, затоа што повеќе од половината болести не се крвни заболувања и не можат да се лекуваат со тие матични клетки.