Што се матични клетки?

“Матичните клетки ќе го променат светот, Vita 34 е тука за Вас”

Dr. André Gerth
претседател на управниот одбор на Vita 34

Единствени во медицината

Во создавањето и функционирањето на нашето тело учествуваат повеќе милиони клетки. Сите тие имаат своја функција и улога, т.е. се специјализирани за функционирање на одреден дел од организмот. Токму по ова се разликуваат матичните клетки од останатите видови на клетки од телото. Тие се неспецијализирани и можат да се трансформираат во било кој друг вид на клетки во организамот кој е уништен со текот на стареењето, болестите, повредите и слично. Тие се извор на сите клетки на телото, а оваа способност за регерација на оштетените ткива ги прави единствени во медицината.

Богатсво од крвта од папочна врвка

Телото на новороденчето изобилува со вредни, потентни, витални матични клетки. Во текот на деветте месеци тие го планирале и граделе телото на новото човечко суштество. И понатаму во животот тие помагаат да се одржи механизмот на регенерација на организмот. Во моментот на раѓањето овие драгоцени клетки се наоѓаат во крвта од папочната врвка, која лекарот по пресекувањето ја држи во своите раце.

Основачот на Vita 34 dr Eberhard Lampeter меѓу првите во Европа го препозна потенцијалот на матичните клетки од папочна крв во терапии на автоимуни заболувања и разви метода овој драгоцен подарок на природата трајно да се конзервира. Како сопственик на свое депо со матични клетки, Вашето дете би можело да има корист од напредокот на медицината во областа на матичните клетки и во случај да има потреба веднаш да добие компатибилни, непроменето млади и потентни матични клетки.

Кај нас сеуште се складира целата папочна крв, без одвојување на поединечни компненти. На тој начин спречуваме да се изгубат клетки, кои се важни за терапија.

Ова е само еден пример, кој покажува со колкаво внимание и одговорност ние постапуваме со драгоцената папочна крв на Вашето дете. Со помош на еден сеопфатен систем водиме сметка за тоа Вашето дете во случај на потреба и по неколку децении да има на располагање применлив препарат од папочна крв.

Матични клетки

Матичните клетки се неспецијализирани. Тие можат да се трансформираат во различни видови на клетки во организмот.

Основачот на Vita 34 Eberhard Lampeter е меѓу првите во Европа кој преку своите истражувачки работи го препозна потенцијалот на матичните клетки од папочна крв и разви метода за нивно складирање.

Во крвта од папочната врвка се наоѓаат:

  • HSC - Хематопоетски матични клетки 
  • MSC - Мезенхимални матични клетки 
  • VSEL - Матични клетки слични на ембрионалните
  • USSC - Неограничени соматски клетки

 

Поради разните видови на матични клетки кои се наоѓаат во крвта, Vita 34 го чува целото количество на папочна крв т.е. со тоа спречува да се изгубат матични клетки кои ќе овозможат лекување на разни заболувања.

Карактеристики на матичните клетки од папочна крв:

  • самообновувачки
  • млади
  • паметни
  • моќни
  • единствени