Видови на матични клетки

Матичните клетки можат да се поделат во разни категории во зависност од нивното настанување. Една од поделбите е на ембрионални и возрасни матични клетки. Возрасните матични клетки понатаму се делат на матични клетки од коскена срцевина и матични клетки од папочна врвка кои се нарекуваат уште и претходници на возрасните матични клетки.

Ембрионални матични клетки

Ембрионалните матични клетки се вид на клетки кои пружаат најмногу можности, т.е. можат да се развијат во било кое ткиво или вид на клетки. Меѓутоа, тие се користат само во истражувачки цели и подобро разбирање на способностите на матичните клетки. Нивното користење во тераписки цели покренува сериозни етички прашања, со оглед на тоа што по собирањето на клетките ембрионите се уништуваат.

Возрасни матични клетки

Возрасните (адултни) матични клетки се делат на матични клетки од коскена срцевина и матични клетки од папочна врвка. Возрасните матични клетки можат да се трансформираат во разни видови на клетки, односно можат да се делат.

Матични клетки од коскена срцевина

Долги години овие матични клетки беа префериран извор за транплантации. Со откривањето на матичните клетки од папочна врвка, на медицината и се пружија многу повеќе можности, така што овие матични клетки сега се основа за лекување на тешки заболувања. Процесот на земање на матични клетки од коскена срцевина е многу болен и често е поврзан со операција. Овие матични клетки, со оглед на тоа што се земаат од возрасен човек, се постари и многу помалку витални.

Матични клетки од папочна врвка

Матичните клетки од крвта од папочна врвка – “неонатални” често се нарекуваат и претходници на возрасните матични клетки. Само во крвта од папочната врвка постојат овие матични клетки кои сеуште го немаат минато процесот на стареење како матичните клетки од коскена срцевина, и со самото тоа имаат многу поголема способност на создавање на разни човечки ткива.

Токму поради овие видови на матични клетки во Vita 34 сеуште се сочувува целокупната папочна крв, без одвојување на поединечни компоненти. На тој начин спречуваме да се изгубат клетки, кои се важни за лекување и кои ќе се користат во идните терапии.

Во крвта од папочната врвка се наоѓаат:

  • хематопоетски матични клетки – HSC – овие клетки ги создаваат крвните клетки и клетките на имунолошкиот систем
  • мезенхимални матични клетки – MSC – овие клетки имаат способност да создаваат клетки на коскено ткиво, клетки на ‘рскавица и клетки на масно ткиво
  • матични клетки по својства блиски до ембрионалните – VSEL – откритието на овие клетки отвори нови можности за иднината на медицината; овие клетки кои се наоѓаат во крвта од папочната врвка по карактеристиките се најслични со ембрионалните, т.е. можат да се претворат во било кој вид на клетки и ткива во телото.
  • неограничени соматски матични клетки - USSC