Прашања и одговори: Зошто да зачувате матични клетки?

Што моето дете има од тоа ако зачуваме матични клетки од папочна врвка?

Крвта од папочна врвка на Вас и Вашето дете Ви нуди една нова можност на претпазливост. Моментално се проучува терапија за лекување на вообичаени болести кои доаѓаат со годините, како што се инфаркт, мозочен удар, атеросклероза или дијабетес. Доколку ја сочувате крвта од папочна врвка од Вашето дете, ќе знаете дека матичните клетки  ќе бидат тука кога ќе му бидат потребни и ќе му обезбедите една отворена можност за лекување – без разлика на староста.

Кога крвта од папочна врвка е толку вредна, зошто не ја чува секој?

Поради тоа што и денес малку од луѓето знаат за оваа тема и од незнаење не се одлучуваат на овој чекор. Причината е, секако, и тоа што складирањето на матичните клетки се плаќа. Поради тоа Био Сејв на родителите им нуди поволни опции за плаќање. Разговарајте со нас – ние понатаму ќе најдеме решение за Вас.

Дали матичните клетки истотака можат да се користат од родителите и родените браќа и сестри?

Во принцип, да. Тука од клучно значење е да се поклопуваат карактериситиките на ткивата. Сличен е случајот кај донациите на органи. Само доколку карактериситиките на ткивата на донорот и примачот се совпаѓаат, по трансплантацијата нема да дојде до опасна реакција на одбивање на графтот. Веројатноста дека крвта од папочна врвка ќе одговара и на родителите, на жалост е само еден процент. Дефинитивно се подобри шансите да се употреби примерок кај роден брат или сестра. Тука постои веројатност за компатибилност од 25%. Во случај на примена на примерокот за семејството, Vita 34 го превзема утврдувањето на неопходната HLA типизација.

Зошто мојот лекар е скептичен, кога е во прашање складирањето на крвта од папочна врвка?

Био Сејв преку директни разговори разговори востанови дека лекарите всушност не се скептични на темата складирање на крв од папочна врвка. Лекарите се, згора на тоа, особено љубопитни и сакаат сеопфатно и детално да се информираат за тоа. Притоа, се покажа дека првобитно скептичните лекари по разговорите со стручни лица или по едукативно предавање, станаа повеќе отворени и порасположени за оваа тема. Доколку мислите дека Вашиот лекар сака да дознае повеќе, ние би биле среќни да му ги презентираме актуелните информации на темата чување и примена на матичните клетки.

Дали матичните клетки од крв од папочна врвка се веќе користени?

Да, илјадници пати. Во Јапонија и САД, кои се водечки во оваа област, денес дури повеќе се употребува крв од папочна врвка отколку коскена срцевина. Се лекуваат на пример, карциноми, метаболички заболувања, како и повреди на мозокот. Лекарите ширум светот преку користење на крвта од папочна врвка го потврдија нашиот квалитет. Освен Vita 34, во Германија не постои друга банка, чии примероци од крв од папочна врвка се веќе употребени.

Поради што сопствените матични клетки би биле прв избор?
Телото може оптимално да ги прифати сопствените матични клетки, како и од нив добиени нови клетки. Туѓите матични клетки имаат различни карактеристики и поради тоа сеуште предизвикуваат реакција на отфрлање на графтот. Се додека терапијата тоа го дозволува, секогаш се преферираат сопствените матични клетки. Исклучок е примената при лекување на леукемија. Овде подобро е да се употреби компатибилен примерок од матични клетки од донор од семејството, затоа што тука има најголема шанса да има совпаѓање на карактеристиките на ткивата. Заедно со матичните клетки на пациентот се пренесува и здравиот имунолошки систем на донорот. Новиот имунолошки одбранбен систем ги напаѓа и уништува, дури и поединечните заболени клетки кои останале.

Што може крвта од папочна врвка што коскената срцевина не може?
Успешноста на лекувањето дефинитивно зависи од староста на матичните клетки. Колку се помлади, матичните клетки можат повеќе. Новите истражувања покажуваат дека болестите кои доаѓаат со годините, да речеме артеосклероза, се манифестираат дури кога матичните клетки на погодениот пациент постануваат престари за самите да го поправат оштетувањето. Од таа причина донори на коскена срцевина можат да бидат само луѓе помеѓу 25 и 45 години. Треба да знаете: Vita 34 сите препарати ги чува како целокупна крв. На тој начин избегнуваме да се изгубат вредни матични клетки или крвни компоненти од папочната врвка, кои денес сеуште не се користат. Притоа, ние на овој начин се осигуруваме дека на секое дете на располагање ќе му стои максимален број на матични клетки.

Дали земањето на крвта од папочна врвка е компликувано?
Не, баш напротив. Токму едноставната и безризична метода на добивање на крвта од папочна врвка ја прави толку интересен извор на матични клетки. Кога Вашето дете ќе се роди и кога папочната врвка ќе се пресече, крвта се зема од папочната врвка која е сеуште поврзана со плацентата. Мајката и детето не чувствуваат ништо од тоа.

Дали крвта од папочна врвка може секаде да се земе?
Био Сејв ширум Македонија спроведе обука и истотака ги поседуваме одговарачките одобрувања од надлежните служби. Затоа во сите породилишта е можно земање на крв од папочна врвка, поради тоа што Био Сејв во породилиштата во Македонија спроведе обука со медицинскиот персонал.

Што се случува кога на моето дете ќе му притребаат матични клетки?
Vita 34 поседува сопствена лабораторија која работи секој ден, како и поврелив курир, кој е достапен 24 часа дневно. Доколку мора брзо да се реагира, Vita 34 ги носи матичните клетки во што пократок рок во било која клиника во Европа – се разбира откако крвта од папочна врвка ќе биде подложена на детални тестови на контрола. Во поголемиот број случаи кога дошло до потреба за примена на примерок сочуван во Vita 34, стручниот тим на Vita 34, пред воопшто да биде закажан термин за трансплантација на матични клетки, и по неколку месеци порано веќе беше во контакт со родителите и лекарите.

Дали примерокот од матични клетки од крв од папочна врвка ќе биде доволен за лекување и кога детето ќе порасне?
Генерално, и возрасните можат да се лекуваат со крв од папочна врвка. Кај возрасните пациенти успева секоја трета трансплантација. По земањето на крв од папочна врвка детално се одредува бројот на клетки во примерокот. Но и во случај кога овој број не е оптимален за возрасна особа, постојат добри изгледи за успешно лекување, затоа што новите методи овозможуваат размножување на матичните клетки. Моментално овие методи сеуште не се применуваат на луѓе, меѓутоа, кога Вашето дете ќе биде пораснато тоа веќе ќе биде рутина.