На 11.07.2023 (вторник) во 18:00 часот Био Сејв во соработка со прва приватна болница Ре-Медика ќе одржи предавање во рамки на програмата Безгрижна бременост.
Предавач ќе биде Д-р Зоран Јовановски, гинеколог-акушер.
Темата на предавањето е "Прееклампсија". Прееклампсијата е состојба која се јавува исклучиво во текот на бременоста кај жената и се манифестира со покачување на крвниот притисок за време на бременоста или непосредно по породувањето.
Со оглед на тоа што ова заболување е релативно често, односно се јавува кај 2-8% од сите бремености, многу е важно за самата трудница да знае доколку ја има оваа состјба, бидејќи кај многу мал дел од жените може да прерасне во посериозно заболувaње.