На 14.12.2022 (среда) во 17:45 часот Био Сејв во соработка со прва приватна болница Ре-Медика ќе одржи предавање во рамки на програмата Безгрижна бременост.
Темата на предавањето е "Спонтано породување и прва педијатриска грижа за новороденчето".
Предавачи ќе бидат Д-р Афродита Стомнароска, гинеколог-акушер и Прим. Д-р Марина Поп-Лазарова, педијатар. Низ интерактивна сесија ќе се обидеме да Ви ги презентираме најважните аспекти на спонтаното породување, грижата за новороденчето во првите моменти од неговиот живот и да одговориме на сите Ваши прашања.