БЕЗГРИЖНА БРЕМЕНОСТ

БЕЗГРИЖНА БРЕМЕНОСТ

Школа за едукација на трудници

На 07.06.2023 (среда) во 17:30 часот Био Сејв во соработка со прва приватна болница Ре-Медика ќе одржи предавање во рамки на програмата Безгрижна бременост.

 

Темата на предавањето е "Царски рез и анезтезија". Во рамки на предавањето ќе бидат опфатени најважните аспекти од породувањето со царски рез како и анестезиолошкиот дел кој е комплементарен дел од процедурата.

 

Предавач ќе биде Д-р Корнелија Сефанова, анестезиолог. Низ интерактивна сесија ќе се обидеме да Ви ги презентираме најважните аспекти на породувањето со царски рез и да одговориме на Вашите прашања.

Д-р Корнелија Стефанова

Д-р Корнелија Стефанова

анестезиолог

Предавањето ќе се одржи во просториите на Ре-Медика на 07.06.2023 година со почеток во 17:30 часот.

Присуството на предавањето е бесплатно. Бројот на места е строго ограничен.

Доколку сакате да присуствувате на настанот, потребно е да испратите е-мејл порака на нашата мејл адреса info@biosave.mk. Во мејлот наведете го Вашето име и презиме, Вашата е-мејл адреса и контакт телефон. Ќе добиете повратен мејл во кој ќе Ви потврдиме дека Вашето место е резервирано.

Sign In