На 31.10.2023 (вторник) во 17:30 часот Био Сејв во соработка со прва приватна болница Ре-Медика ќе одржи предавање во рамки на програмата Безгрижна бременост.
Темата на предавањето е "Водење на бременост. Тоа претставува тема која е од голем интерес за идните родители и која ги опфаќа најголем дел од прашањата кои се однесуваат на правилно и сеопфатно водење на бременоста со цел намалување на ризиците по самата бременост и конечно, заштита на здравјето на мајката и бебето.
Предавач ќе биде Д-р м-р Симонида Котларова Попоска, гинеколог-акушер. Низ интерактивна сесија ќе се обидеме да Ви ги презентираме најважните аспекти на пренаталната нега и да одговориме на Вашите прашања.