По две години виртуелни состаноци, овогодинешниот конгрес повторно се одржа во Мајами од 9ти до 11-ти септември и ги вклучи најновите достигнувања во технологијата и терапиите со матични клетки, техничка овука и едукација, работилници, интерактивни панел дискусии, како и социјални настани.
Она што е особено важно да се истакне е дека Bio Save Group (Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина) и Bio Save фондацијата повторно се единствените организации од регионот присутни на најголемиот светски меѓународен конгрес за матични клетки. За време на конгресот медицинскиот тим во состав: д-р Кристијан Мартин – Медицински директор на Bio Save фондацијата, Дијана Сејдиновиќ, дипл. Генетика и биоинженеринг – Медицински директор на Bio Save Босна и Херцеговина, како и д-р Антони Ангеловски – Медицински директор на Bio Save Македонија, имаже можност да размени искуства и да разговара со проф. Д-р Џоана Курцберг, претседател на CBA (Cord Blood Association), раководител на истражувачкиот тим на Универзитетот Дјук, организатор на Cord Blood Connect и што е најважно – педијатриски хематолог/ трансплантолог и врвен експерт за терапии со матични клетки за деца со церебрална парализа, аутиза, и генетски терапии за спинална мускулна атрофија.
Уште еден од разговорите беше и средбата со д-р Елиан Глукман- претседател на EuroCord, кој со д-р Џоан Курцберг беше член на тимот на првата терапија со матични клетки од папочна крв пред 35 години, д-р Филипо Милано- хематолог, истражувач во Центарот за нега на рак во Seattle Cancer Care Alliance, д-р Магдалена Хрошцинска-Кравич, детски невролог од Лублин, како и многу други учесници на состанокот.