Ширум светот се спроведуваат бројни клинички студии со лекови против Corona вирусот. Цела медицинска заедница денес работи на откривање на можни терапии против опасниот противник.

Овде Ви претставуваме 5 најчесто испитувани терапии кои нудат најмногу изгледи да постанат стандардни за Covid-19.

Покрај веќе добро познатите лекови како што е хлорокин, се користат и лекови од групата антивирусни терапии и моноклонски антитела кои се користат против одредени автоимуни заболувања. Покрај лековите се користат и клеточни терапии со матични клетки како и плазма од излекувани пациенти.

1. Хлорокин – лекот против маларија кој што се користи со децении покажа во добар број клинички студии дека помага особено кај поблаги облици на болеста Covid-19 (број на клинички студии: 84)

2. Антивирална терпија – лекови како ремдесивир, лопинавир и ритонавир кои се користат за вирус на грип се испитуваат во терапија за Covid-19. За сега најдобри резултати даде терапијата со ремдесивир (број на клинички студии: 55)

3. Матични клетки – првенствено се користат мезенхимални матични клетки од ткивото од папочната врвка кои се земаат при породувањето. Терапијата е проверено сигурна за голем број болести и лесно се применува во кратка интравенска инфузија. За сега покажа успешност при лекување на особено тешки случаи на Covid-19 кои се на респиратори (број на клинички студии: 45)

4. Моноклонски антитела – лекови кои се користат против автоимуни заболувања, за сега најдобри резултати покажа тоцилизумаб кој се користи кај ревматоиден артритис (број на клинички студии: 38)

5. Плазма - е користи плазма од пациенти кои го прележале Covid-19. Во нивната крв се наоѓаат антитела кои го убиваат вирусот. По вадењето. на крв од излекуваните пациенти, крвта се центрифугира, се издвојува плазма и се дава во кратка интравенска инфузија кај лица заболени од Covid-19 (број на клинички студии: 32)

Се' ова ни дава надеж дека во следните неколку месеци ќе се открие која терапија е најуспешна за Covid-19. До тогаш ни остануваат мерките за социјално дистанцирање и подобрување на имунитетот.