Фиксирање на коските од екстремитетите по тешки повреди може да биде вистински предизвик дури и за највештите ортопедски хирурзи. Кај губиток на поголем дел од површината на коската зараснување не е возможно, а дури и кај помалку сериозни скршеници зараснувањето на коската може да претставува проблем кај пациенти со нарушено здравје или во поодминати години.

Кога лекарите се среќаваат со вакви скршеници златен стандард во лекувањето е автологна трансплантација на коски. Трансплантација на коски вклучува претходно собирање сегменти од здрави коски вообичаено од карлицата на пациентот, кои потоа се користат за „премостување" на прекинот каде коската не може адекватно да зарасне. Меѓутоа, во зависност од здравјето на пациентот и степенот на оштетувањето,трансплантација на коски не е можно да се спроведе секогаш.

Некои лекари во последните години почнаа да истражуваат нешто ново: вклучување на коскени морфогенетички протеини (BMP) во коскени имплантиза да се забрза заранувањето на коската. Меѓутоа, тоа не е сигурна метода. Преку традиционална примен на BMP протеини доаѓа до значајни несакани појави, вклучувајќи формирање коски во меки ткива и ресорпција на коската.

До овие несакани ефекти може да дојде како резултат на прекумерна доза на BMP протеини. Затоа истражувачите развија нов пристап: генска терапија која не го користи самиот протеин туку неговиот ген. На тој начин клетките ќе добијат BMP протеин во доза која им е физиолошки потребна исклучиво на местото на повредата.


Давање генски терапии

Меѓутоа, да се третираат точно одредени клетки со генска терапија не е секогаш лесно. Затоа истражувачите во овој случај користеа релативно нов механизам за давање генски терапии: сонопорација.

Во сонопорација се користи ултразвук за предизвикување микро меурчиња исполнети со гас кои се обложени со липидна обвивка. Овие меурчиња осцилираат и создаваат ситни пукнатини во клетките кои можат лесно да се поправат. Тие мали пукнатини овозможуваат ДНК во текот на генската терапја да влезат на вистинското место без влијанија на околните подрачја. Следниот чекор е да се обезбеди генската терапија да биде насочена на саканите клетки. Тим лекари таргетираше посебен облик на матични клетки кои можат да постанат клетки на коска и успешно да произведат BMP протеин.

Истажувачите ја тестираа својата нова метода на коски од потколеници кај свињи и дојдо до заклучок дека оваа техника ја излекува скршеницата по само една доза.

Оваа иновативна терапија би можела да го подобри закрепнувањето на милиони луѓе ширум светот. Пред да дознаеме дали болниците можат да ја усвојат оваа процедура, мораат да се спорведат клинички студии. Сепак, досегашните испитувања дадоа им доволно ветувања на научниците за оваа процедура да ја користат во слични испитувања за лекување коски: Едната стратегија за фиксирање на скршеницата вклучува одреден облик на BPM протеинот, а другата која ги користи матичните клетки за ревитализација на растот на коската.


Извор: http://bit.ly/2iUN6pW