Мозочен удар или цереброваскуларен инсулт е една од најчестите причини за смрт во современото општество. Настанува како резултат на зголемен притисок или атеросклероза која ги намалува крвните садови и така доведува до смалување на циркулацијата во мозокот и оштетување на мозочното ткиво. Последиците од мозочен удар вообичаено се многу тешки – пациентите не можат да се движат, не можат да комуницираат, заздравувањето дури и ако го има, трае со години и болеста претставува голем напор, како за семејството на пациентот така и за општеството.
Главниот проблем досега беше неможноста за регенерација на мозочните клетки по цереброваскуларниот инсулт.
Famicord во 2018 година започна студија за примена на матични клетки кај пациенти кои доживеале мозочен удар. Матичните клетки се давани директно во цереброспиналната течност (ликвор) преку лумбална пункција. Преку тој пат матичните клетки одат директно до оштетеното ткиво во мозокот и со своето дејство го намалуваат воспалението кое го предизвикало оштетеното ткиво и со тоа му возможуваат на организмот да ги регенерира оштетените клетки на мозокот. Се испитува и влијанието на малите екстрацелуларни капки, егзозоми на матичните клетки кои се наоѓаат во самото ткиво на мозокот и можноста за нивна активација во регенерација на мозокот.
Терпијата со матични клетки доведе до подобрување, пред се во моторниот спектар на симптомите, каде пациентите кои беа неподвижни, почнаа да стануваат од креветот и изговараат едноставни зборови, додека пред терапијата беа врзани за креветот и без можност за говор.
Оваа терапија дава голема надеж во лекувањето на овие тешки болести.