Кардиоваскуларните болести носат најголем број животи секоја година во Светот, околу 18 милиони. Далеку на второ место по нив се малигните тумори кои носат 9 милиони животи. Најголемиот број од пациентите со кардиоваскуларни болести умираат од срцеви слабости кои настануваат како последица на прележан инфаркт на миокарда или како резултат на долготраен зголемен притисок.

До сега срцевата слабост се лекуваше единствено со лекови кои само го одложуваат напредувањето на болеста, но не се во можност да ги обноват клетките на срцето кои се оштетени. 

Матичните клетки донесоа нова надеж за голем број на пациенти со срцева слабост затоа што моментално се спроведува студија (CIRCULATE) вредна 7, 5 милиони €, спонзорирана од страна на Европската Уника која ја испитува можноста за регенерација на срцевиот мускул со матични клетки.

Матичните клетки преку катетер се внесуваат во делот од срцето кој е оштетен и тиа ги регенерираат мусклните влакна на срцето. Така му овозможуваат на срцето да пумпа крв поефикасно, а на пациентите да живеат живот без тегоби и во краен резултат му го продолжуваат животот.